ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/05 стр. 1
  • Објавувај ја Јеховината слава

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Објавувај ја Јеховината слава
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Оддајте му ја на Јехова славата што е достојна на неговото име (Псалм 96:8)
    Оддајте му ја на Јехова славата што е достојна на неговото име (Псалм 96:8)
  • Оддавај му слава на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Да го објавуваме божественото име
    Нашата служба за Царството 2003
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 11/05 стр. 1

Објавувај ја Јеховината слава

1 Псалмистот објавил: „Пеј му на Господа цела земјо! . . кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда“. Кога ќе размислиме што сторил Јехова, што прави сега и што допрва ќе направи за нас, нашите срца нѐ поттикнуваат да ја објавуваме неговата слава! (Пс. 96:1, 3).

2 Во нашата служба: Јеховините сведоци имаат чест да го носат Божјето име и јавно да го слават низ целата Земја (Мал. 1:11). Колку ли се разликува тоа од свештенството на христијанскиот свет, кое на дрзок начин го отстранило Божјето име од нивните преводи на Библијата! Многу е итно да го објавуваме Божјето име, за да можат луѓето да го повикуваат со вера и да бидат спасени во големата неволја што доаѓа (Рим. 10:13-15). Освен тоа сеопштиот мир, вклучувајќи го и мирот меѓу жителите на Земјата, зависи од посветувањето на Божјето име. Навистина, сите Божји дела се поврзани со неговото име.

3 „Господ е велик, предостоен за фалба.“ За да можат луѓето да му ја ‚дадат на Господа славата на Неговото име‘, тие мораат да ја знаат вистината за него (Пс. 96:4, 8). Меѓутоа, некои одрекуваат дека постои Бог (Пс. 14:1). Други, пак, го клеветат дека е неспособен или тврдат дека не е заинтересиран за луѓето. Ние го славиме Јехова додека им помагаме на искрените лица да добијат точно спознание за нашиот Творец, за неговите намери и неговите привлечни особини.

4 Со нашето однесување: Ние му оддаваме чест на Јехова ако живееме во склад со неговите праведни мерила. Нашето добро однесување не поминува незабележано (1. Петр. 2:12). На пример, нашиот чист и уреден личен изглед може да ги поттикне другите да нѐ пофалат, а тоа ќе ни даде можност да зборуваме за тоа колку е корисно ако се живее според начелата од Божјата реч (1. Тим. 2:9, 10). Колку ли сме восхитени кога другите ‚ги гледаат нашите добри дела и му даваат слава на нашиот Татко кој е на небесата‘ (Мат. 5:16).

5 Со зборови и со дела, да го величаме секој ден нашиот прекрасен Бог, а со тоа да одговориме на радосниот повик: „Пејте Му на Господа, благословувајте го Неговото име. Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение“ (Пс. 96:2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели