Образование кое води до живот
1 Колку е радосно да се види како на луѓето им светнуваат очите кога ќе ја сфатат вистината од Божјата реч! Навистина е задоволство да им се помага на другите да го запознаат Бог и неговата намера. Таквото образование, може некого да го води до вечен живот (Јован 17:3).
2 Зошто најдобро образование: Денес се нуди образование преку скоро секое средство и на скоро секоја можна тема (Проповедник 12:12). Но таквото спознание не може да се спореди со вредноста на „величествените Божји работи“ (Дела 2:11). Дали образованието што го нуди светот успеало да ги приближи луѓето кон Творецот и да ги запознае со неговата намера? Дали им помогнало да разберат што се случува кога ќе умреме или зошто има толку многу страдање? Дали им дало надеж на луѓето? Дали им помогнало да си го подобрат семејниот живот? Не. Само со помош на образованието што го дава Бог можеме да најдеме точни одговори за најважните прашања во животот.
3 Образованието што го дава Бог може да понуди нешто што денес многу недостасува — подобрување на моралот. Божјата реч ги искоренува расизмот, племенската нетрпеливост и национализмот од срцата на сите оние кои ги прифатиле и ги примениле нејзините учења (Евр. 4:12). Таа ги поттикнала луѓето да отфрлат секаков вид насилство и да ја ‚облечат новата личност‘ (Кол. 3:9-11; Мих. 4:1-3). Освен тоа, образованието што го дава Бог им дало сила на милиони луѓе да надминат длабоко вкоренети навики и особини кои не му се угодни на Бог (1. Кор. 6:9-11).
4 Зошто е итно сега: Нашиот најголем Учител нѐ предупредува дека живееме во многу значајни времиња. Неговите пророчки осуди содржат навремени информации кои мора да се објавуваат низ целиот свет (Откр. 14:6, 7). Христос владее на небото, целата лажна религија наскоро ќе биде уништена и Божјето Царство е спремно да ги уништи сите влади во светот (Дан. 2:44; Откр. 11:15; 17:16). Затоа, итно е луѓето да го признаат Божјиот Цар кој сега владее, да излезат од Големиот Вавилон и со вера да го повикуваат Јеховиното име (Пс. 2:11, 12; Рим. 10:13; Откр. 18:4). Да се трудиме колку што е можно повеќе во тоа да им помагаме на другите да го стекнат образованието кое води до живот.