Прашуваш ли кој друг е заинтересиран?
Ако во моментов водиш библиска студија, зошто не го прашаш лицето со кое проучуваш дали некои негови пријатели, роднини или познајници би сакале да дознаат што учи Библијата? Можеби ќе ти каже неколку имиња. Ако ти дозволи, би можел да го спомнеш неговото име кога ќе ги посетиш тие луѓе за да им понудиш библиска студија. Можеш да кажеш: „Ја проучувам Библијата со [името на интересентот], и тој смета дека можеби и Вие би сакале бесплатно да ја проучувате Библијата“. Потоа, со помош на книгата Што учи Библијата накратко прикажи му како изгледа студијата.
Ако проучуваш со некој што добро напредува, би можел да го поттикнеш да им објасни на своите пријатели и роднини, кои можеби се заинтересирани, како изгледа една библиска студија. Би можел да ги покани да присуствуваат и на неговата студија. Доколку тоа не е можно, би можел да се договори ти да се сретнеш со нив за да им покажеш како изгледа една библиска студија. На овој начин интересентот и самиот ќе се охрабри да почне да им го пренесува на другите она што го научил од Библијата.
Оние што редовно ги посетуваш исто така можат да ти кажат кој друг би бил заинтересиран, дури и ако самите сѐ уште не прифатиле редовна библиска студија. Кога ќе им ја дадеш книгата Што учи Библијата, едноставно би можел да прашаш: „Дали познаваш некого што би сакал да ја добие оваа книга?“
Поради итноста на времињата во кои живееме, сакаме на секој можен начин да им помогнеме на луѓето да ја слушнат и да ја прифатат добрата вест. Прашуваш ли кој друг е заинтересиран?