ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Стани повешт во службата — да им помагаме на оние кои исправно гледаат на вечниот живот да станат ученици
ЗОШТО Е ВАЖНО: Јехова предизвикува семето на вистината да расте во срцето на оние кои исправно гледаат на вечниот живот (Де 13:48; 1Ко 3:7). Ние соработуваме со него кога нашето внимание во службата го насочуваме кон оние кои сакаат да постапуваат во склад со она што го учат (1Ко 9:26). Лицата со кои ја проучуваме Библијата треба да сфатат дека, доколку сакаат да добијат спасение, неопходно е да се крстат (1Пе 3:21). Ние им помагаме да станат ученици со тоа што ги учиме да прават промени во животот, да проповедаат и да поучуваат и со тоа што ги поттикнуваме да му го заветуваат својот живот на Јехова (Мт 28:19, 20).
КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:
Потсетувај ги оние со кои ја проучуваш Библијата дека целта е добро да го запознаат Јехова и да му бидат послушни (Јвн 17:3).
Помогни им да надминат некои препреки поради кои не можат духовно да напредуваат, на пример, лошите навики или лошото друштво.
Зајакнувај ги и охрабрувај ги и пред и откако ќе се крстат (Де 14:22).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЈЕХОВА ЌЕ ТИ ПОМОГНЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Поради кои стравови некој може да се колеба да му го заветува животот на Јехова и да се крсти?
Како можат старешините да им помогнат на интересентите духовно да напредуваат?
Што ни кажува Исаија 41:10 во врска со Јехова?
Кои особини ќе ни помогнат да му служиме на Јехова на исправен начин иако сме несовршени?
Како соработуваме со Јехова додека им помагаме на другите да станат ученици?