ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/06 стр. 1
  • ‚Следете ме постојано‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Следете ме постојано‘
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • Зошто да се биде самопожртвуван?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Не живееме повеќе за себе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Да бидеме самопожртвувани како што бил Исус
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Постојано следи го Исус
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 5/06 стр. 1

‚Следете ме постојано‘

1 Многу луѓе живеат само за да си угодуваат себеси, а сепак се несреќни. Спротивно на тоа, за да бидеме вистински среќни, Исус советувал несебично да даваме (Дела 20:35). Тој рекол: „Ако некој сака да појде по мене, нека се одрече од себе... и постојано нека ме следи“ (Мар. 8:34). Ова не значи само повремено да се откажеме од некои задоволства, туку секој ден да го живееме за да му угодиме на Јехова, а не себеси (Рим. 14:8; 15:3).

2 Размисли за примерот на апостол Павле. „Поради ненадминливата вредност на спознанието за Христос Исус“, Павле престанал да ги исполнува своите лични желби и амбиции, и се посветил на тоа ревносно да проповеда за Царството (Фил. 3:7, 8). Тој рекол: „Со големо задоволство ќе трошам сѐ и ќе бидам потполно потрошен“ служејќи им на другите (2. Кор. 12:15). Би било добро секој од нас да се праша: ‚Како ги користам времето, силата, способностите и средствата? Дали правам сѐ за да си угодам себеси или, пак, се трудам да го радувам Јехова?‘

3 Кога можеме да даваме: Секоја година, Божјиот народ троши повеќе од милијарда часови во животоспасувачкото дело на проповедање за Царството. Во собранијата, и младите и старите извршуваат разни задачи во корист на другите. Многу работа се врши и во врска со собирите и конгресите, како и со градењето и одржувањето на објектите што се користат за ширење на вистинското обожавање. Размисли и за љубезната помош што ја даваат браќата кои служат во Одборите за контактирање со болниците. Сите тие самопожртвувани напори му носат големи благослови на нашето христијанско братство! (Пс. 110:3).

4 Можеме да помогнеме на различни начини и кога ќе се случи некоја катастрофа или несреќа. Сепак, најчесто можеме едноставно да видиме дека на некој сохристијанин му треба помош или охрабрување (Посл. 17:17). Кога спремно се даваме себеси за да им служиме на другите и за Царството, тогаш го следиме примерот на Исус (Фил. 2:5-8). Да настојуваме постојано да го правиме тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели