Специјална кампања од 16 октомври до 12 ноември!
1 „Крајот на лажната религија е близу!“ Тоа е насловот на трактатот Вест за Царството бр. 37 кој, од следниот месец, ќе се дели низ целиот свет. Во првата половина од октомври ќе ги нудиме списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, а од понеделник, 16 октомври, до недела, 12 ноември, интензивно ќе го делиме трактатот Вест за Царството бр. 37. Во викендите за време на кампањата, ќе го нудиме заедно со најновите списанија.
2 Кој може да учествува: Ќе биде убаво сите активни објавители на добрата вест потполно да учествуваат во кампањата. Некои ќе имаат можност да бидат помошни пионери. Дали имаш деца или лица со кои проучуваш, а кои добро напредуваат духовно? Помогни им да поразговараат со старешините за да се види дали ги исполнуваат условите да станат некрстени објавители. Старешините треба да преземат иницијатива да зборуваат со неактивните објавители за да ги охрабрат да учествуваат, можеби така што ќе соработуваат со искусни објавители.
3 До сите собранија е испратен доволен број примероци од Вест за Царството бр. 37, за да можат објавителите и пионерите да добијат најмалку по 50 примероци. Заинтересираните лица кои сѐ уште не се објавители можат да добијат по пет примероци за да им ги дадат на роднините и пријателите. Сите треба да си водат евиденција колку примероци дале, и овој број да го запишат на задната страна од своето ливче за извештај од службата за октомври и ноември. Секретарот ќе го собере вкупниот број трактати што ги дало собранието и ќе го извести Бетелот на крајот на секој месец. Секој примерок од трактатот Вест за Царството што ќе остане откако ќе заврши кампањата, може да се употреби во секоја гранка од службата.
4 Како да го понудиме: Твојата презентација нека биде кратка, за да може оваа порака да им се пренесе на колку што е можно повеќе луѓе. Би можел да кажеш: „Учествувам во една акција што се врши низ целиот свет, со која се пренесува оваа важна порака што е од корист за сите луѓе. Ова е вашиот бесплатен примерок. Ве молам прочитајте го“. Можеби ќе биде добро да не ја носите со себе торбата за служба. Погрижете се да водите евиденција за секој што ќе биде заинтересиран.
5 Како да го обработите вашето подрачје: Наместо да ја делите Веста за Царството на улица, сконцентрирајте се да обработите што е можно поголем дел од вашето подрачје од куќа до куќа, како и од деловните подрачја. Забележете го секое место каде што нема да најдете никого дома, и обидете се повторно да дојдете во друго време или во друг ден од седмицата. Почнувајќи од понеделник, 6 ноември, може да оставиме примерок кај оние што не се дома. Меѓутоа, ако собранието има поголемо подрачје отколку што може да обработи во предвиденото време, старешините можат да одлучат, во текот на целата кампања, трактатот веднаш да се остави во домовите на оние што нема да ги најдеме дома.
6 Уништувањето на „Големиот Вавилон“ брзо се приближува. Луѓето мора да излезат од него пред тој целосно да биде уништен (Отк. 14:8; 18:8). Направи план за да можеш во потполност да учествуваш во оваа светска кампања за сите да дознаат дека крајот на лажната религија е близу!