ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/06 стр. 4
  • Сведочење од куќа до куќа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сведочење од куќа до куќа
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • Поучувај јавно и од куќа до куќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Служба од куќа до куќа — зошто е важна сега?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Од куќа до куќа без престан
    Нашата служба за Царството 1994
  • Би можел ли да сведочиш навечер?
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 9/06 стр. 4

Сведочење од куќа до куќа

1. Кои прашања се поставуваат во врска со службата од куќа до куќа, и зошто?

1 „Оние што имаат искуство во ширењето на Вистината на разни начини, ќе се сложат дека сегашната проповедничка кампања од куќа до куќа, со книгата Почеток на илјадагодишното Царство (MILLENNIAL DAWN), досега е најделотворниот начин на проповедање на Вистината.“ Оваа изјава, запишана во Сионска Стражарска кула од 1 јули 1893 година, ја истакнува вредноста на службата од куќа до куќа. Луѓето низ целиот свет сметаат дека таа е знак за препознавање на Јеховините сведоци. Бидејќи во многу земји е сѐ потешко да се најдат луѓето дома, дали оваа метода сѐ уште е делотворна?

2. Која е библиската основа за сведочењето од куќа до куќа?

2 Важно е и има библиска основа: Сведочењето од куќа до куќа има библиска основа. Исус испратил 70 ученици да одат по двајца во куќите на луѓето (Лука 10:5-7). Кратко по Исусовата смрт, за неговите ученици Библијата го вели следново: „Секој ден, во храмот и од куќа до куќа, без престан поучуваа и ја објавуваа добрата вест“ (Дела 5:42). Апостол Павле исто така ревносно поучувал од куќа до куќа (Дела 20:20).

3. Наброј некои добри страни на сведочењето од куќа до куќа.

3 Сведочењето од куќа до куќа до ден-денес останува многу важна метода за ширење на добрата вест. Тоа ни овозможува плански и организирано да ‚ги побараме‘ достојните (Мат. 10:11). Луѓето обично се поопуштени во својот дом. Кога зборуваме со нив лице в лице — кога го слушаме нивниот глас, кога го гледаме изразот на нивното лице и кога ја набљудуваме околината во која живеат — тогаш можеме да откриеме што ги интересира, а што ги загрижува. Обично така најдобро можеме да започнеме еден подолг разговор.

4. Како можеме поделотворно да сведочиме од куќа до куќа?

4 Приспособи се: Апостол Павле бил спремен да се приспособи на околностите „поради добрата вест“ (1. Кор. 9:23). Можеби ќе можеме да го промениме нашиот распоред за да проповедаме во време кога има поголема веројатност повеќето луѓе да бидат дома, како, на пример, подоцна во денот, за викенд или на празниците. Прави си забелешки за оние што не се дома, и повторно обиди се во друг ден од седмицата или во друго време од денот.

5. Како би можеле да бидат вклучени во службата од куќа до куќа оние што имаат ограничувања поради здравјето?

5 Дури и оние што се ограничени поради лошото здравје би можеле да проповедаат од куќа до куќа. Можеби ќе можеме да испланираме да ги однесеме таквите лица во куќи до кои лесно може да се пристапи, овозможувајќи им да служат со полесно темпо. Една сестра имала тешкотии со дишењето и можела да посети само по една куќа на секој половина час. Сепак, таа била пресреќна и задоволна што можела да учествува во проповедањето заедно со групата!

6. Зошто треба редовно да сведочиме од куќа до куќа?

6 Со службата од куќа до куќа сѐ уште наоѓаме многу лица слични на овци. На еден објавител, кој тропнал на нечија врата, му било кажано следново: „Влези. Знам кој си ти. Му се молев на Бог да ми прати некој да ми помогне, и тогаш слушнав тропање на вратата. Бог ме слушна и те прати тебе“. Резултатите се доказ дека Јехова го благословува овој начин на проповедање (Мат. 11:19). Биди решен редовно да сведочиш од куќа до куќа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели