ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/07 стр. 1
  • Угледај се на Христос во службата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Угледај се на Христос во службата
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Христијанската служба — нашето главно дело
    Нашата служба за Царството 2003
  • „Одете и правете ученици“
    „Појди по мене!“
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 2/07 стр. 1

Угледај се на Христос во службата

1 Исус ни дал пример што треба да го следиме во нашата служба. Својата длабока љубов кон Бог и кон луѓето ја покажал во многу ситуации и на многу начини. Ги поучувал кротките за вистината и правел добри дела во корист на оние што биле измачени и угнетени (Мат. 9:35).

2 Примерот и поуките на Исус: Исус не застранил со учество во политика, или во некои хуманитарни акции во корист на општеството. Ниту, пак, дозволил некои други добронамерни цели да го одвлечат или да му бидат поважни од неговата главна задача (Лука 8:1). Тој се фокусирал на проповедањето на добрата вест за Божјето Царство како единствено трајно решение за проблемите на луѓето. Исус требал да изврши многу важно дело, а имал ограничено време за тоа. Кога луѓето во Капернаум сакале Исус да остане таму, тој им рекол на своите ученици: „Да појдеме на друго место... за да проповедам и таму, бидејќи за тоа и дојдов“ (Мар. 1:38).

3 Откако ги обучил своите ученици, Исус ги испратил со следниве јасни упатства: „Проповедајте: ‚Се приближи царството небесно‘“ (Мат. 10:7). Тој ги поучил своите следбеници дека службата за Царството треба да им биде најважна во животот (Мат. 6:33). Пред да се вознесе на небото, во прошталните зборови до своите ученици Исус јасно им кажал што треба да прават. Тој рекол: „Затоа одете и правете ученици од луѓето од сите народи“ (Мат. 28:19).

4 Важноста на Царството: Главна тема за која зборувал Исус било Божјето Царство, а ги поттикнувал и своите ученици да го следат неговиот пример. Луѓето не можат да успеат во своите обиди да ги решат проблемите на човештвото (Ерем. 10:23). Само Божјето Царство ќе го посвети Божјето име и ќе им донесе трајно олеснување на луѓето (Мат. 6:9, 10). Ако се поучат за вистините за Царството, луѓето што „тажат и плачат поради сите гадости што се прават“ ќе можат да имаат среќен, успешен живот сега, и цврсто да се држат за една сигурна надеж за иднината (Езек. 9:4).

5 Исус сѐ уште е активно вклучен во проповедањето на добрата вест за Божјето Царство, и нѐ уверува дека ќе нѐ поддржува во тоа (Мат. 28:20). До кој степен нашата служба е во склад со Исусовиот пример? (1. Пет. 2:21) Во овие важни последни денови, да сториме сѐ што можеме за тесно да го следиме примерот што ни го дал Исус во службата!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели