Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 јуни
„Дали сте забележале дека денес многу луѓе си имаат свои мерила за тоа што е добро а што лошо? [Потоа почекај да одговори.] Во врска со ова, во Библијата се запишани совети што никогаш не застаруваат. Еве еден од нив. [Прочитај еден стих од рамката на страници 6, 7.] Ова списание објаснува зошто е корисно да ги прифатиме моралните мерила од Библијата.“
Разбудете се! Јуни
„Сите знаеме дека без пари не се живее. Но што мислите, дали е можно заработувањето да ни стане премногу важно? [Почекај да одговори.] Забележете што може да им се случи на оние што трчаат по пари. [Прочитај 1. Тимотеј 6:10.] Ова списание дава некои практични совети за тоа како да си го поедноставиме животот и да се снајдеме и со помалку пари.“
Стражарска кула 1 јули
„Сте се прашале ли некогаш зошто некои луѓе се малтретирани поради нивната раса или националност или затоа што зборуваат поинаков јазик? [Почекај да одговори.] Овде е запишана причината за тоа. [Прочитај 1. Јованово 4:20.] Ова списание одговара на прашањето: ‚Ќе има ли некогаш добри меѓуетнички односи‘.“
Разбудете се! Јули
„За разлика од животните што се водат по инстинкт, луѓето можат самите да изберат како ќе живеат. Што мислите, каде можеме да најдеме сигурно водство? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 119:105.] Ова списание објаснува зошто е најдобро водството што ни го дава Библијата.“