ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/07 стр. 4-5
  • Убава цел за новата службена година

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Убава цел за новата службена година
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Се бараат — 100.000 помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1997
  • Објавувајте ги доблестите на Јехова
    Нашата служба за Царството 2007
  • Ќе го сториме ли тоа повторно? — друг повик за помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1998
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 8/07 стр. 4-5

Убава цел за новата службена година

1. Која цел би можеле да си ја поставиме за новата службена година?

1 За да напредуваме духовно, мора да си поставуваме цели. Кои цели си ги имаш поставено за новата службена година? Една одлична цел е да бидеш помошен пионер во текот на еден или повеќе месеци. Бидејќи треба да се направи план за да се постигне оваа убава цел, сега е вистинскиот момент да почнеш да планираш. Зошто е добро да си поставиш за цел да бидеш помошен пионер?

2. Зошто е добро да си поставиме за цел да бидеме помошни пионери?

2 Зошто да бидеме помошни пионери: Со тоа што ќе бидеме помошни пионери, ќе го израдуваме нашиот небесен Татко „уште повеќе“ бидејќи ќе одиме во служба подолго време (1. Сол. 4:1). Кога размислуваме за сѐ што направил Јехова за нас, нашите срца нѐ поттикнуваат да им кажуваме и на другите за него (Пс. 34:1, 2). Јехова ги забележува и ги цени жртвите што ги правиме за да му служиме во поголема мера (Евр. 6:10). Многу сме среќни кога ќе помислиме на тоа дека го радуваме Јехова со она што го правиме (1. Лет. 29:9).

3, 4. Како ни користи помошната пионерска служба?

3 Обично, колку почесто правиме некоја работа, толку полесна ни станува и повеќе ја сакаме. Ако почесто одиш во служба на проповедање, полесно ќе ти биде да разговараш со луѓето на врата. Полесно ќе започнуваш разговори и повешто ќе ја користиш Библијата. Колку повеќе зборуваш за својата вера, толку повеќе ќе ја зацврстуваш. Многу објавители што никогаш не воделе библиска студија почнале да проучуваат со некого додека биле помошни пионери.

4 Токму помошната пионерска служба може да ти помогне со поголема воодушевеност да ги извршуваш твоите редовни теократски активности. Еден брат кој во минатото бил општ пионер, сфатил дека премногу се посветил на световната работа и одлучил да биде помошен пионер еден месец. Тој рекол: „Не можев да поверувам колку се освежив духовно тој месец! Одлучив редовно да бидам помошен пионер, а со текот на времето повторно започнав со општа пионерска служба“.

5. Како да ги совладаме чувствата дека ние не можеме да бидеме пионери?

5 Да ги совладаме пречките: Некои можеби се колебаат да се пријават за помошна пионерска служба затоа што мислат дека не се доволно вешти проповедници. Ако и ти го мислиш истото, Јехова може да ти помогне, исто како што му помогнал и на Еремија (Ере. 1:6-10). Иако Мојсеј бил „со бавна уста и со бавен јазик“, Јехова го употребил за да ја изврши Неговата волја (2. Мој. 4:10-12). Ако и ти мислиш дека не можеш да бидеш пионер, моли го Јехова за храброст.

6. Како би можел да бидеш помошен пионер дури и ако имаш слабо здравје или си многу зафатен?

6 Дали се колебаш да поднесеш молба затоа што имаш здравствени проблеми или си многу зафатен? Ако имаш слабо здравје, можеби ќе успееш да бидеш помошен пионер ако ги извршуваш своите активности со умерено темпо. Ако си многу зафатен, би можел да одложиш некои помалку важни работи за некој друг месец. Оние што работат со полно работно време успеале да служат како помошни пионери со тоа што зеле некој ден одмор (Кол. 4:5).

7. Зошто е добро да се молиш во врска со помошната пионерска служба?

7 Како да успееш: Кажи му на Јехова во молитва дека многу сакаш да бидеш помошен пионер. Моли го да го благослови твојот труд да одиш повеќе во служба на проповедање (Рим. 12:11, 12). Тој може да ти помогне да донесеш мудри одлуки во врска со тоа како да си направиш добар распоред (Јак. 1:5). Ако немаш желба за помошна пионерска служба, моли го Јехова да ти помогне да најдеш радост во проповедањето (Лука 10:1, 17).

8. Како ќе ти помогне стихот од Изреки 15:22 да бидеш помошен пионер?

8 Разговарајте со целото свое семејство за помошната пионерска служба (Изр. 15:22). Можеби еден член од семејството може да биде помошен пионер ако другите го поддржат во тоа. Кажи им и на другите во собранието дека сакаш да бидеш пионер, особено на оние што живеат во околности слични на твоите. Ова може да го зголеми жарот за помошна пионерска служба.

9. Кои месеци би можел да ги избереш за да бидеш помошен пионер?

9 Разгледај го својот теократски распоред за новата службена година и размисли кога би можел да бидеш помошен пионер. Ако работиш со цело работно време или ако одиш на училиште, би можел да размислиш да бидеш пионер кога си на распуст, кога во месецот има празник или, пак, кога има пет саботи или пет недели. На пример, септември, декември, март и август имаат пет цели викенди. Мај има пет саботи, а јуни има пет недели. Ако имаш проблеми со здравјето, размисли за оние месеци кога времето обично е убаво. Размисли да бидеш помошен пионер и во месецот кога твоето собрание има посета од покраинскиот надгледник. Додека трае неговата посета, ќе имаш прилика да присуствуваш на првиот дел од состанокот што се одржува со општите пионери. Бидејќи Спомен-свеченоста следната година ќе се одржи на 22 март, месеците март, април и мај се погодни за помошна пионерска служба. Кога ќе решиш кој месец или кои месеци ќе бидеш помошен пионер, почни да си правиш план со кој ќе можеш да ги исполниш часовите што се бараат.

10. Што можеш да направиш ако не можеш да бидеш помошен пионер?

10 Дури и ако мислиш дека не можеш да бидеш помошен пионер следната службена година, ти сепак можеш да покажеш пионерски дух. Прави и понатаму сѐ што можеш во службата, уверен дека Јехова е задоволен што се трудиш да даваш сѐ од себе (Гал. 6:4). Давај им поддршка и охрабрувај ги оние што можат да бидат помошни пионери. Потруди се да направиш распоред да учествуваш во службата и друг ден од седмицата, заедно со оние што се пионери.

11. Зошто треба да живееме со чувство на итност?

11 Јеховиниот народ живее со чувство на итност. Имаме многу работа — треба да ја проповедаме добрата вест. Во прашање се животи, а преостанува уште малку време (1. Кор. 7:29-31). Љубовта кон Бог и кон ближниот ќе нѐ поттикне да правиме сѐ што можеме во службата. Со труд и со добар план ќе успееме да бидеме помошни пионери барем еден месец во текот на новата службена година — а тоа е навистина многу убава цел што можеме да си ја поставиме!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели