ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/07 стр. 1
  • Дај им надеж на сиромашните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дај им надеж на сиромашните
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Наскоро, никој нема да биде сиромашен!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Следи го Исусовиот пример и покажувај грижа за сиромашните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Колку долго ќе треба сиромашните да чекаат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Наскоро свет без сиромаштија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 10/07 стр. 1

Дај им надеж на сиромашните

1 Исус покажал посебна грижа за оние што биле сиромашни. Во неколку прилики направил чуда за да им помогне материјално на другите и за да ги излекува болните, но најважно му било да им ја објавува „добрата вест“ на сиромашните (Мат. 11:5). И денес преку службата на проповедање им се помага на сиромашните и на другите луѓе (Мат. 24:14; 28:19, 20).

2 Вистинска надеж: Свештениците во црквите на христијанскиот свет честопати им ветуваат на сиромашните дека ќе им се подобри материјалната состојба ако великодушно даваат средства за црквата. Но, Библијата вели дека само Божјето Царство ќе ѝ стави крај на сиромаштијата и ќе ги реши сите проблеми на луѓето (Пс. 9:18; 145:16; Иса. 65:21-23). Со тоа што им покажуваме на сиромашните што навистина учи Библијата, им даваме надеж и им помагаме да ги задоволат своите духовни потреби (Мат. 5:3).

3 Фарисеите од времето на Исус со презир гледале на сиромашните луѓе, погрдно нарекувајќи ги ам хаарец или „народи од земјата“. Меѓутоа, Исус гледал на „нивната крв“, односно на нивниот живот, како на нешто ‚скапоцено‘ (Пс. 72:13, 14). Ние можеме да се угледаме на Исус и да бидеме милостиви кон сиромашните со тоа што ќе постапуваме љубезно и сочувствително со нив (Изр. 14:31). Никогаш не треба да зборуваме со потценување за луѓето што живеат во посиромашните места или да се колебаме да им сведочиме. Многумина што ја прифаќаат пораката за Царството не се богати луѓе.

4 Помогни им уште сега: Ако ги поучуваме сиромашните за библиските начела, ќе им помогнеме уште сега полесно да се справат со сиромаштијата. На пример, Библијата ги осудува пијанството, коцкањето, мрзливоста, пушењето и други навики што водат до сиромаштија (Изр. 6:10, 11; 23:21; 2. Кор. 7:1; Еф. 5:5). Од друга страна, пак, таа нѐ поттикнува да бидеме чесни и да работиме „со сета душа“, а токму тие особини се бараат од вработените (Кол. 3:22, 23; Евр. 13:18). Всушност, една анкета покажала дека повеќето работодавачи најмногу ги ценат чесноста и искреноста кај оние што конкурираат за работа.

5 Јехова не е рамнодушен кога гледа како страдаат сиромашните. Исус Христос наскоро ќе го избави „сиромавиот кој вика за помош“ (Пс. 72:12). А дотогаш, ние имаме убава можност да ги тешиме другите, вклучувајќи ги и сиромашните, со надежта што ни ја дава Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели