Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 окт.
„Бидејќи никој не знае што го чека во иднина, многумина мислат дека е подобро да живееме од денес за утре. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Во врска со ова Исус кажал нешто многу интересно. [Прочитај Матеј 6:34.] Во ова списание се објаснува како можеме да планираме за во иднина, а во исто време да не бидеме претерано загрижени за неа.“
Разбудете се! Окт.
„На секој од нас му починал некој од најблиските. Што мислите, дали тие сега нѐ гледаат од небото? [Почекај да одговори.] Видете што рекол Исус кога умрел Лазар. [Прочитај Јован 11:11.] Во оваа статија е објаснето дали мртвите живеат на некое друго место или, пак, спијат и чекаат да бидат воскреснати.“ Покажи ја статијата што почнува на 28. страница.
Стражарска кула 1 ное.
„Што мислите, дали животот би ни бил поубав кога луѓето би биле повеќе понизни? [Почекај да одговори.] Видете што рекол Исус за понизноста. [Прочитај Матеј 23:12.] Оваа статија зборува за тоа зошто е добро да бидеме понизни, иако живееме меѓу луѓе кои не бираат средства за да ги остварат своите цели.“
Разбудете се! Ное.
„Порано луѓето често барале совети во Библијата. Но, денес мнозина велат дека не ѝ веруваат. Што мислите вие за Библијата? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 2. Тимотеј 3:16.] Во ова специјално издание на Разбудете се! ќе најдете цврсти докази дека Библијата е книга од Бог.“