Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 окт.
„Како би им објасниле на децата или на другите зошто денес се случуваат толку многу лоши работи? [Дозволи одговор.] Библијата дава одговор на прашањето: ‚Кој стои зад сето зло?‘ [Прочитај 1. Јованово 5:19.] Ова издание на Стражарска кула ќе ви помогне да разберете кој е тој злобен и како можеме да му се спротивставиме.“
Стражарска кула 1 ное.
„Многумина од нас се трудат да имаат мирољубиви односи со другите. Но, веројатно ќе се согласите дека тоа е полесно да се каже отколку да се направи. [Дозволи одговор.] Библијата објаснува зошто е тоа така. [Прочитај Јаков 3:2.] Оваа статија покажува како едно извинување може да биде клучот за да се поврати и да се задржи мирот.“
Разбудете се! 8 ное.
„Многу луѓе се загрижени во врска со сѐ поголемиот пораст на насилство и тероризам. Можеби и вие ќе се согласите со зборовите од Проповедник 8:9. [Прочитај и дозволи одговор.] Ова издание на Разбудете се! дискутира за лекциите од минатото и покажува како наскоро ќе му дојде крајот на таквото владеење.“