Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 окт.
„Многу луѓе на образованието гледаат како на клуч за успешен живот. Што мислите, дали постои образование кое може да помогне некому да стане подобра личност и успешно да ги решава проблемите во животот? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Римјаните 12:2.] Ова списание зборува за тоа каква корист можеме да имаме од најдоброто можно образование“.
Стражарска кула 1 ное.
„Многу луѓе се вознемирени поради неправдите во светот. Што мислите, дали некој може навистина да го промени светот? [Почекај да одговори]. Ова списание ги разгледува пречките што отежнуваат да се направат промени. Тоа исто така покажува кој ќе ги надмине пречките и како ќе создаде еден свет во кој ќе има вистински мир и безбедност“. Прочитај Псалм 72:12-14.
Разбудете се! 8 ное.
„Прекумерното пиење на алкохол предизвикува безброј проблеми. Ова списание покажува како влијае алкохолот врз телото. [Покажи ја сликата на страница 7.] Овие статии зборуваат за тоа како луѓето можат да се ослободат од прекумерното пиење на алкохол и што можат да сторат другите за да помогнат“.