ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/08 стр. 1
  • Да станеме подобри објавители

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да станеме подобри објавители
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • Како да ги поучуваме новите да проповедаат
    Нашата служба за Царството 2010
  • Дали се трудиш потполно да ја извршиш службата за Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Постави си духовни цели
    Нашата служба за Царството 2002
  • Продолжи ревносно да проповедаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2008
km 4/08 стр. 1

Да станеме подобри објавители

1 Нашиот небесен Татко се радува на духовниот напредок на своите слуги. Во тоа спаѓа и нивната зрелост и делотворност како објавители на добрата вест. Павле го поттикнал надгледникот Тимотеј да продолжи да се посветува на читањето и на поучувањето за неговиот напредок да биде видлив (1. Тим. 4:13-15). Сите треба да го подобриме квалитетот на својата служба, дури и ако веќе сме искусни објавители.

2 Да си поставиме лични цели: За да напредуваме, треба да си поставуваме лични цели. Какви цели би можеле да си поставиме? Една работа е повешто да го користиме нашиот духовен меч, Библијата (Еф. 6:17). Можеби треба да се подобриме и во некоја гранка од службата, како што е обработувањето на своето подрачје, сведочењето на улица или проповедањето на деловно подрачје. Освен тоа, би можеле да правиме и поделотворни повторни посети. Друга одлична цел е повешто да започнуваме и да водиме библиски студии.

3 Што може да ни помогне: Целта на собраниските состаноци, особено на Теократската школа за служба и на Состанокот за нашата служба, е да ни помогнат да станеме подобри објавители. Колку потемелно се подготвуваме за овие состаноци, присуствуваме на нив и ги применуваме советите што ги добиваме, толку поголеми благослови ќе имаме (2. Кор. 9:6).

4 Исто така, за да напредуваме, треба да си помагаме еден на друг (Изр. 27:17). Ако внимателно слушаме како водат разговор оние со кои сме во служба, ќе можеме и самите да се подобриме. Освен тоа, надгледникот на нашата група за проучување на книга може да се погрижи да добиеме помош. Навистина многу ќе ни користи ако некој поискусен пионер или друг објавител ни помогне да станеме поделотворни, и со тоа да имаме поголема радост во службата! Има ли нов објавител во нашата група за проучување на книга? Би можеле да се договориме со него да одиме заедно во служба.

5 Христијанската служба е најважното дело што се врши денес. Додека му принесуваме на Јехова „жртва на фалба“, сакаме да му го дадеме најдоброто од себе (Евр. 13:15). Ако се трудиме да се подобриме во службата на проповедање, ќе бидеме работници ‚кои немаат од што да се срамат, кои исправно се служат со речта на вистината‘ (2. Тим. 2:15).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели