Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 мај
„Денес има сѐ повеќе природни катастрофи и некои луѓе мислат дека тие се Божја казна. Што мислите Вие? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 1. Јованово 4:8.] Оваа статија покажува од каде знаеме дека Бог не е виновен што луѓето страдаат во природни катастрофи.“ Покажи ја статијата на 30. страница.
Разбудете се! Мај
Прочитај Матеј 6:10, а потоа прашај: „Сте се прашале ли некогаш која е Божјата волја за Земјата? [Почекај да одговори.] Според Библијата, Бог имал конкретна намера со Земјата уште од почетокот, а таа намера не се сменила. Оваа статија кажува нешто повеќе за тоа“. Покажи ја статијата на 10. страница.
Стражарска кула 1 јуни
„Приказната за Ное и Потопот е една од најпознатите библиски приказни. Што мислите, дали навистина имало Потоп? [Почекај да одговори.] Интересно е дека Исус зборувал за Потопот како за вистински настан. [Прочитај Лука 17:26, 27.] Во ова списание се изнесени неколку причини зошто можеме да веруваме во извештајот за Потопот и што учиме од него.“
Разбудете се! Јуни
„Денеска е тешко да се воспитуваат деца, посебно кога ќе влезат во пубертет и ќе почнат многу да се менуваат. Што мислите, каде можат родителите да најдат корисни совети? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Исаија 48:17, 18.] Во ова списание ќе најдете добри предлози што можат да им помогнат на родителите да бидат мудри и да покажат разбирање за своите деца.“