Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 јуни
„Што мислите, дали Бог ги прифаќа сите религии? [Почекај да одговори.] Интересно е како реагирал Бог кога Израелците во минатото ги прифатиле религиозните обичаи на околните народи. [Прочитај Езекиел 6:6] Оваа статија одговара на прашањето: ‚Важно ли е на која религија припаѓаме?‘“ Покажи ја статијата на 9. страница.
Разбудете се! Јуни
„Сигурно ќе се согласите дека тинејџерските години се тежок период не само за младите туку и за нивните родители? Што мислите, дали овој совет може да им помогне на родителите? [Прочитај Јаков 1:19. Потоа почекај да одговори.] Верувам дека ќе Ви се допаднат практичните предлози од ова списание што се темели на Библијата.“
Стражарска кула 1 јули
„Сите сме многу тажни кога ќе ни умре некој близок. Што мислите, може ли Библијата да ни помогне во тие моменти? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 55:22.] Во ова списание се дадени некои совети од Библијата што можат да ни помогнат да ја поднесеме болката.“
Разбудете се! Јули
„Многу бракови се во криза, а некои од нив завршуваат и со развод. Што мислите, дали овој совет би можел да придонесе за среќа во бракот? [Прочитај Изреки 12:18. Потоа почекај да одговори.] Во ова списание ќе најдете и други библиски начела што можат да им помогнат на брачните другари добро да се сложуваат и да бидат блиски.“