Посебна акција за најава на Спомен-свеченоста!
1. Во што ќе учествуваат објавителите на Царството низ целиот свет од 21 март 2009 год., и зошто?
1 Во четврток, на 9 април 2009 год., слугите на Јехова Бог низ целиот свет ќе се соберат за да се потсетат на огромната љубов што тој ја покажал кон луѓето (Рим. 5:6-8). Со нетрпение очекуваме да ја одбележиме смртта на Исус заедно со милиони други заинтересирани лица. Почнувајќи од 21 март, низ целиот свет ќе се дели посебна покана за Спомен-свеченоста.
2. На што треба да обрнеш внимание кога ќе ја нудиш поканата?
2 На што да обрнеш внимание: Добро искористи ги сликите, прашањата и стиховите што се наведени на поканата. На пример, би можел да ја покажеш сликата на предната страна и да речеш: „Би сакал да Ве поканам во четврток на 9 април оваа година, заедно со нас да ја одбележите смртта на Исус“. Потоа прочитај ги насловот на поканата и прашањата што се под него. Не заборавај да му кажеш на станарот дека може слободно да го покани и своето семејство и другите што би сакал да дојдат со него.
3. Што да правиме откако ќе оставиме покана кај некого?
3 Ако вашето собрание има големо подрачје, старешините можеби ќе ви кажат да оставате покани и кај оние што нема да ги најдете дома. На викендите, заедно со поканата нуди ги и списанијата. Постави си за цел да ги поканиш оние што редовно ги посетуваш, како и интересентите, роднините, соучениците, колегите, соседите и други познајници. Минатата година, една сестра поканила 30 роднини, а потоа одвреме-навреме ги потсетувала за тоа колку е важен овој настан. Таа била пресреќна кога 25-мина дошле на Спомен-свеченоста, а 4 од нив подоцна започнале да ја проучуваат Библијата!
4. Што треба да планираме уште сега, и зошто?
4 Планирај уште сега: Многу објавители можеби ќе можат да бидат поактивни во март и во април. Ако имаш деца или интересенти што добро напредуваат, за нив ова може да биде добар период да станат некрстени објавители. Добро е уште сега да почнеме да планираме како да го дадеме својот дел во оваа акција со која ќе се најавува одбележувањето на двата најголеми изрази на љубов(Јован 3:16; 15:13).