Покани за Спомен-свеченоста ќе се делат низ целиот свет!
1. Каква посебна акција низ целиот свет ќе има пред Спомен-свеченоста?
1 „Правете го ова за мој спомен!“ (Лука 22:19). Од послушност кон оваа заповед што ја дал Исус, слугите на Јехова и заинтересираните лица ќе се соберат на 30 март 2010 год., за да ја одбележат Исусовата смрт. Од 13 до 30 март низ целиот свет ќе се дели посебна покана за Спомен-свеченоста.
2. Како би можеле да ја делиме поканата?
2 Како да ја делиме поканата: Би можел да му ја дадеш поканата на станарот, за да може да ја гледа сликата на предната страна, а потоа да кажеш: „Вечерта на 30 март, милиони луѓе низ целиот свет ќе се соберат за да ја одбележат Исусовата смрт. Сакам да Ве поканам на тој настан и Вас и Вашето семејство. Можете слободно да ги поканите и Вашите пријатели. Тука се наведени времето и местото каде што ќе се одржи таа свеченост“. Во зависност од околностите, би можел да му ги прочиташ од Библијата зборовите од Лука 22:19, каде што стои таа заповед. Но, задржи на ум дека имаме ограничено време да го обработиме подрачјето, па затоа е најдобро да бидеме кратки.
3. Кого можеме да поканиме?
3 Ако вашето собрание има големо подрачје, старешините можеби ќе одлучат уште при првата посета дискретно да се остави покана кај оние што не се дома. Кога ќе биде соодветно, со поканите можеме да ги нудиме и тековните списанија. Погрижи се да ги поканиш оние што редовно ги посетуваш, како и оние со кои проучуваш, колегите, соучениците, роднините, соседите и други познајници.
4. На што ќе нѐ поттикне ценењето за откупнината што Јехова со љубов ја дал?
4 Подготви се да учествуваш најмногу што можеш: Времето околу Спомен-свеченоста е добра можност да учествуваме во поголема мера во службата. Би можел ли да си ги организираш работите за да служиш како помошен пионер? Дали некое од твоите деца или, пак, некој интересент добро напредува во духовен поглед? Ако да, тогаш разговарај со старешините за да видат дали ги исполнува условите да ни се придружи во оваа посебна акција како некрстен објавител. Ценењето за откупнината што Јехова со љубов ја дал ќе нѐ поттикне не само да бидеме присутни на Спомен-свеченоста туку и да поканиме колку што е можно повеќе луѓе (Јован 3:16).