На што ќе го посветиш твојот живот?
1 Понекогаш ги прашуваме децата: „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ Кога ти беше мал, дали одговараше дека сакаш да бидеш фудбалер, пилот или покраински надгледник? Или кога беше мало девојче, дали одговараше дека сакаш да бидеш пејачка, лекарка или мисионерка? Сега кога си повозрасен, мораш да си го поставиш следново прашање: „На што да го посветам мојот живот?“ Дали си спремен да одлучиш?
2 За да ти помогне да ја донесеш најдобрата можна одлука, Јеховината организација го подготви DVD-то Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? Те молиме гледај го и сериозно размисли за целата негова содржина, вклучувајќи ги драмата, интервјуата и додатокот. Содржината се наоѓа во рамката „Главно мени“.
3 Драма: Додека ја гледаш драмата, размисли за следниве прашања: 1) Каква сличност има меѓу Тимотеј и Андре? (Дела 16:1; 1. Тим. 4:8; 2. Тим. 1:5). 2) Кој му вршеше притисок на Андре да стане успешен атлетичар, и како? 3) Кој влијаел позитивно врз Тимотеј, а кој врз Андре и на кои начини? (2. Тим. 1:1-4; 3:14, 15). 4) Како влијаеја врз Андре зборовите што се запишани во Матеј 6:24 и Филипјаните 3:8, и како тие влијаат врз тебе?
4 Избрани сцени: Откако ќе ја гледаш целата драма, повторно погледни ги следниве сцени и одговори на прашањата. „Павле и Тимотеј“: Кој бил последниот совет што Павле му го дал на Тимотеј? (2. Тим. 4:5). „Најдоброто за Јехова“: Какви духовни цели имаш? „Да се заземе став за Јехова“: Од што зависи вистинската среќа? „Советот од бабата“: Што има лошо во тоа да сакаме да станеме ѕвезда во светот на Сатана? (Мат. 4:9). „Не жалам“: Што е тоа што го сфатил Андре, а кое може и тебе да ти помогне да имаш исполнет живот? (Изр. 10:22).
5 Интервјуа: Додека го гледаш секој од следните делови, размисли како би можел да дадеш сѐ од себе за Јехова. 1) „Ќе се посветиш ли на безвредни работи или на Бог?“ (1. Јов. 2:17); 2) „Како да уживаш во службата“ (Пс. 27:14); и 3) „Можеш да бидеш пионер“ (Мат. 6:33).
6 Навраќање на минатото: Можеш ли да одговориш на следниве прашања: 1) Какви кариери имале братот и сестрата, и зошто? 2) Колку биле успешни во тоа? 3) Што било пресвртница во нивните животи? (2. Кор. 5:15). 4) Со какви теократски кариери ги замениле претходните, и како сфатиле дека не можат да ги имаат двете истовремено? 5) Дали жалат за нешто затоа што си ја смениле целта во животот? 6) Која од нивните изјави особено те поттикна да размислиш на што да го посветиш твојот живот?
7 Додатни интервјуа: Како овие интервјуа ти помогнаа да дознаеш што можеш да направиш за повеќе да се посветиш на Јеховината служба? 1) „Важноста на личното проучување“, 2) „Различни видови сведочење“, 3) „Бетелска служба“, 4) „Мисионерска школа Гилеад“ и 5) „Школа за организациско оспособување“. Разгледај го делот „Индекс на објавен материјал на тема“, и прочитај ги оние статии што најмногу те интересираат.
8 Па, дали си одлучил на што ќе го посветиш твојот живот? Павле го поттикнал Тимотеј: „Размислувај за тоа, сиот посвети се на тоа, за твојот напредок да им биде видлив на сите“ (1. Тим. 4:15). Те поттикнуваме и ти да размислиш за она што го виде и слушна на ова DVD. Моли го Јехова да ти помогне да направиш мудар избор, кој ќе ти донесе вистинска радост и среќен живот уште сега, а ќе ти овозможи и прекрасна иднина.
[Рамка на страница 5]
ГЛАВНО МЕНИ
Драма
Сцени (11 дела)
Интервјуа
Комплетно
Делови (3 дела)
Навраќање на минатото
Додаток
Додатни интервјуа
Индекс на објавен материјал на тема