Проповедањето духовно нѐ зајакнува
1. Како ни користи проповедањето?
1 Редовното учество во проповедничкото дело може да нѐ зајакне духовно и да ни ја зголеми радоста. Се разбира, ние проповедаме првенствено за да го радуваме Јехова. Но кога сме послушни на заповедта ‚да ја проповедаме Божјата реч‘, добиваме благослови од Јехова, а тоа ни користи и на многу други начини (2. Тим. 4:2; Иса. 48:17, 18). Како може проповедањето да нѐ зајакне и да нѐ направи радосни?
2. Како нѐ зајакнува проповедањето?
2 Нѐ зајакнува и ни носи благослови: Проповедањето ни помага да се концентрираме на благословите што ги носи Царството а не на моменталните проблеми (2. Кор. 4:18). Кога им ги објаснуваме библиските учења на другите, ни се зајакнува верата во Јеховините ветувања и чувствуваме поголема благодарност за тоа што ја знаеме вистината (Иса. 65:13, 14). Додека им помагаме на другите духовно да растат за ‚да не бидат дел од светот‘, се зајакнува и нашата решеност да останеме одвоени од светот (Јован 17:14, 16; Рим. 12:2).
3. Како проповедањето ни помага да развиваме христијански особини?
3 Проповедањето ни помага да развиваме христијански особини. На пример, тоа што се трудиме ‚на сите да им бидеме сѐ‘, ни помага да бидеме попонизни (1. Кор. 9:19-23). Кога разговараме со оние што се „измачени и расеани како овци без пастир“, учиме да бидеме посочувствителни (Мат. 9:36). Кога продолжуваме со службата и покрај рамнодушност или противење, се учиме на истрајност. А кога го користиме својот живот за да им помагаме на другите, чувствуваме поголема радост (Дела 20:35).
4. Како гледаш на проповедањето?
4 Навистина е голем благослов што ни е доверена служба со која му донесуваме фалба на Јехова, единствениот кој е достоен да го обожаваме! Проповедањето нѐ зајакнува. Тоа ни носи големи благослови кога со сите сили се трудиме ‚темелно да сведочиме за добрата вест‘ (Дела 20:24).