ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/09 стр. 3-4
  • Како да им сведочиме на мажи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да им сведочиме на мажи
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Како да бидеш среќен во религиозно разделен дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како да ги придобиеме?
    Нашата служба за Царството 2010
  • Вистината не носи „мир, туку меч“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Мудри упатства за брачните двојки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 8/09 стр. 3-4

Како да им сведочиме на мажи

1. Каква голема потреба постои во врска со службата за Царството?

1 Во овие последни денови, делото на проповедање за Царството се извршува во сѐ поголем обем, па затоа има голема потреба од духовно зрели мажи кои ќе преземат водство (Мар. 4:30-32; Дела 20:28; 1. Тим. 3:1-13). Но, на некои места жените полесно ја прифаќаат пораката за Царството. Во некои култури, мажите им препуштаат на жените да ги поучуваат децата за Бог. Како можеме да им помогнеме на повеќе мажи да станат свесни за своите духовни потреби и да ни се придружат во службата за вистинскиот Бог?

2. Каков бил резултатот од тоа што Павле и Петар им сведочеле на мажи?

2 Имај за цел да им сведочиш на мажи: Кога некој семеен поглавар ќе ја прифати вистината, тој честопати влијае и врз другите во семејството да му се придружат во обожавањето на вистинскиот Бог. На пример, додека биле во затвор затоа што проповедале, Павле и Сила му сведочеле на еден затворски чувар. Тој и целото негово семејство се крстиле (Дела 16:25-34). Кога Павле проповедал во Коринт, ‚Крисп, настојникот на синагогата, поверувал во Господарот заедно со сите во својот дом‘ (Дела 18:8). Јехова го пратил Петар да му сведочи на Корнелиј, еден воен офицер кој е опишан како ‚побожен човек кој се боел од Бог‘. Како резултат на тоа, Корнелиј и неговите роднини и блиски пријатели се крстиле (Дела 10:1-48).

3. Следејќи го примерот на Филип, на кои мажи „што се на власт“ би можел да им сведочиш ти?

3 Ако им сведочиме на мажи „што се на власт“, тоа може да има влијание врз уште повеќе луѓе (1. Тим. 2:1, 2). На пример, Јеховиниот ангел му рекол на Филип да зборува со еден „висок достоинственик“, кој бил над целата ризница на етиопската царица. Филип го чул човекот „како на глас го чита пророкот Исаија“, и му ја објаснил добрата вест за Исус. Овој Етиопјанец станал ученик и најверојатно ја ширел добрата вест додека патувал назад до својата земја. Освен тоа, можеби ѝ сведочел на царицата и на другите на дворот, кои инаку не би имале многу прилики да ја чујат добрата вест (Дела 8:26-39).

4. Што можеме да направиме за повеќе мажи да ја чујат добрата вест?

4 Како да им сведочиш на повеќе мажи: Преку ден, мажите обично се на работа. Затоа, би можел ли да сведочиш навечер, на викенд или за време на празниците? Ако редовно обработуваш деловно подрачје, ќе можеш да им сведочиш на мажи кои ретко се дома. Исто така, браќата можат посебно да се трудат да им сведочат неформално на своите колеги. Во службата од куќа до куќа, особено на подрачје што честопати се обработува, браќата би можеле понекогаш да го побараат домаќинот за да разговараат со него.

5. Како треба да постапи една сестра кога некој маж ќе покаже интерес за пораката за Царството?

5 Една сестра не треба да оди сама на повторна посета кај некој маж што покажал интерес за вистината. Може да оди со својот сопруг или со некој друг објавител. Доколку човекот и понатаму покажува интерес, би било најдобро сестрата да му ја предаде посетата на некој оспособен брат.

6. Како можеме да се угледаме на апостол Павле за да ‚придобиеме колку што е можно повеќе луѓе‘?

6 Избирај теми што ги интересираат мажите: Апостол Павле ги земал предвид оние што го слушале и го приспособувал својот пристап на нив за да ‚придобие колку што е можно повеќе луѓе‘ (1. Кор. 9:19-23). Слично на тоа, и ние треба да размислуваме какви теми би им биле најинтересни на мажите што ќе ги сретнеме во службата и потоа добро да се подготвиме. На пример, мажите честопати се интересираат за економските проблеми, за добра влада и за сигурноста и безбедноста на своето семејство. Исто така, може да ги интересира која е смислата на животот, каква е иднината на планетата и зошто Бог дозволува да има страдања. Ако покажеме проникливост, мажите поспремно ќе ја слушаат пораката за Царството (Изр. 16:23).

7. Кога сопругот на наша сестра, кој не е Сведок, ќе дојде на состанок, како можат сите во собранието да имаат позитивно влијание?

7 Помагај им на сопрузите кои не се Сведоци: Знаеме дека доброто однесување на нашите сестри обично има најголемо влијание врз нивните сопрузи кои не се Сведоци, но и членовите на собранието можат да имаат позитивно влијание (1. Пет. 3:1-4). Кога сопругот на некоја наша сестра ќе дојде на собраниски состанок, ќе му дадеме убаво сведоштво ако срдечно го пречекаме. Тоа што дошол на состанок покажува дека веројатно има некаков интерес за вистината и можеби ќе сака да ја проучува Библијата.

8. Како би можеле браќата да им помогнат на сопрузите што не се Сведоци, дури и ако не се многу заинтересирани за вистината?

8 Од друга страна, иако некој сопруг во почетокот можеби нема да покаже голем интерес за Библијата, со текот на времето можеби ќе изрази желба да зборува за духовни теми со некој брат со кого се чувствува послободен. Браќата во едно собрание се труделе редовно да посетуваат едно семејство во кое сопругот не бил во вистината. Тие разговарале со него за работи што знаеле дека го интересираат. Со текот на времето, почнале да разговараат за духовни теми и сега тој е Јеховин сведок. Во друг случај, еден брат му помогнал на сопругот на една наша сестра да направи ограда околу куќата. Грижата што ја покажал братот го поттикнала сопругот да прифати библиска студија (Гал. 6:10; Фил. 2:4). Би било добро секој брат да се обиде да му помогне на еден или на повеќе од сопрузите на нашите сестри.

9. Каков може да биде резултатот кога христијанските мажи добиваат обука?

9 Обучувајте ги: Мажите кои ја прифаќаат пораката за Царството и спремно преземаат одговорности во службата за Јехова, со текот на времето можат да бидат едни од ‚луѓето како дарови‘, т.е. христијански старешини кои ги користат своите таленти и способности во полза на собранијата на Јеховиниот народ (Еф. 4:8; Пс. 68:18). Таквите мажи спремно и ревносно се грижат за собранието (1. Пет. 5:2, 3). Тие навистина се голем благослов за целото наше братство!

10. Каква корист имаат многумина од тоа што Ананија се потрудил да му помогне на Павле?

10 На пример, Савле станал „апостол испратен кај другите народи“, иако претходно ги прогонувал христијаните (Рим. 11:13). Поради таквото минато на Савле, христијанскиот ученик Ананија отпрвин се колебал да му проповеда. Сепак, Ананија го послушал упатството од Исус Христос и разговарал со тој маж, кој потоа станал апостол Павле. Низ годините, службата на Павле им користела на илјадници луѓе на кои им проповедал, а милиони лица сѐ уште извлекуваат корист од неговите вдахновени писма што се запишани во Божјата реч (Дела 9:3-19; 2. Тим. 3:16, 17).

11. Зошто треба да направиме сѐ за да им сведочиме на колку што е можно повеќе мажи?

11 Со оглед на сето ова, да направиме сѐ за да им сведочиме на колку што е можно повеќе мажи. Додека работиме на оваа цел, уверени сме дека Јехова ќе го благослови нашиот труд да ја вршиме неговата волја и добро да се грижиме за службата за Царството.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели