ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/10 стр. 5-6
  • Како да ги придобиеме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги придобиеме?
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Како да бидеш среќен во религиозно разделен дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Вистината не носи „мир, туку меч“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Како да им сведочиме на мажи
    Нашата служба за Царството 2009
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 11/10 стр. 5-6

Како да ги придобиеме?

1. Дали објавителите што живеат во разделен дом се единствените што посакуваат нивниот брачен другар да ја прифати вистината?

1 Дали во собранието имате објавители чии брачни другари не се Сведоци? Ако да, тие сигурно посакуваат да му служат на Јехова заедно со својот сопружник. Но, тоа не е само нивна желба. Бог сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“, а ист став има и целото собрание (1. Тим. 2:4). Како да ги придобиеме брачните другари на објавителите во нашето собрание?

2. Што ќе постигнеме ако се трудиме да ги разбереме сопружниците што не се Сведоци?

2 Прво, треба да се трудиме да сфатиме како размислуваат сопружниците што не се Сведоци. Многумина од нив си го сакаат семејството и се трудат да бидат добри брачни другари и родители. Но можеби имаат верски убедувања поинакви од нашите. Можеби за Јеховините сведоци го знаат само она што го чуле од пријатели кои не се многу информирани или кои имаат предрасуди кон нас. Некои му се лутат на брачниот другар затоа што дел од времето што порано го поминувал со семејството сега го посветуваат на Бог. Ако ги разбереме, ќе ни биде полесно да ги почитуваме и да бидеме љубезни со нив и нема да сме напнати во нивно друштво (Изр. 16:20-23).

3. Кој е можеби најдобриот начин да придобиеме некој сопружник што не е Сведок?

3 Покажи дека си заинтересиран: За да поттикнеме нечиј сопружник што не е Сведок да се заинтересира за вистината, најдобро е, барем во почетокот, да го правиме тоа со нашите постапки а не со разговори за Библијата (1. Пет. 3:1, 2). Затоа многу е важно да покажеме интерес. Сестрите во собранието можат да се спријателат со сопругите а браќата со сопрузите што не се во вистината. Како?

4. Како ќе покажеме дека сме заинтересирани?

4 На пример, ако сакаш да се запознаеш со сопругот на некоја сестра, прво разговарај со неа за тоа. Немој да се разочараш ако тој отпрвин е резервиран. Ако постапуваме пријателски и покажуваме дека се интересираме за него како личност, можеби ќе има поубаво мислење за Јеховините сведоци (Рим. 12:20). Некои зрели христијани го канат сопружникот со семејството на оброк за подобро да се запознаат и да ги скршат предрасудите што можеби ги има. Разговараат за работи што го интересираат него, наместо цело време упорно да зборуваат за духовни теми. Подоцна, кога малку ќе се опушти, можеби ќе има прилика и за такви разговори. Или, можеби ќе се согласи да дојде на состанок за да види што учи неговата сопруга, особено затоа што веќе познава некои од собранието. Дури и ако не се заинтересира за вистината, сигурно можеме да го пофалиме за поддршката што ѝ ја дава на сопругата која е Сведок.

5. Како можат старешините да придобијат некој сопружник што не е Сведок?

5 Особено старешините треба да се трудат да ги придобијат сопружниците што не се Сведоци и да бараат прилики да им посведочат. Еден таков сопружник кој претходно не сакал да зборува за Библијата, можеби ќе биде спремен да чуе охрабрувачки библиски мисли кога ќе биде во болница или кога ќе има сериозни здравствени проблеми. Ако во еден религиозно разделен дом се случи немил настан, како што е смрт во семејството, старешините можат да го поканат сопружникот што не е Сведок да биде присутен кога ќе го тешат семејството.

6. Зошто треба да се трудиме да ги придобиеме сопружниците што не се Сведоци?

6 Замисли колку ќе биде радосен некој наш брат или сестра ако сопружникот ја прифати вистината! Тоа многу ќе ги радува и Јехова, ангелите и целото собрание (Лука 15:7, 10). Но, дури и ако сопружникот во моментот не покажува интерес, сепак можеме да бидеме радосни затоа што знаеме дека Јехова, кој „не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“, го цени нашиот труд (2. Пет. 3:9).

[Истакната мисла на страница 6]

За да поттикнеме нечиј сопружник што не е Сведок да се заинтересира за вистината, најдобро е, барем во почетокот, да го правиме тоа со нашите постапки а не со разговори за Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели