ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/09 стр. 1
  • Проповедај со чувство на итност!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедај со чувство на итност!
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Немој да го изгубиш чувството на итност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Внимавај на твоето чувство на итност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како да задржиме чувство на итност додека проповедаме
    Нашата служба за Царството 2014
  • „Близу е големиот ден на Јехова“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 12/09 стр. 1

Проповедај со чувство на итност!

1. На кои зборови на Павле треба да обрнеме внимание денес?

1 „Проповедај ја Божјата реч и прави го тоа со чувство на итност“ (2. Тим. 4:2). Зошто овие зборови на Павле се толку важни денес? Како можат тие да влијаат врз нас и врз другите?

2. Зошто ревносно ги бараме оние што сѐ уште не ја чуле добрата вест?

2 Во прашање се животи: Милиони луѓе низ целиот свет сѐ уште не ја чуле добрата вест која може да значи спасение за нив (Рим. 10:13-15; 1. Тим. 4:16). Многу искрени лица наоѓаме дури и на подрачја што често ги обработуваме. Ако одиме во служба во различни денови и во различно време, можеби ќе најдеме некој што претходно не сме го сретнале. Кога вака ревносно ги бараме оние што сѐ уште не ја чуле добрата вест, имаме чиста совест и нема да бидеме виновни за крв (Дела 20:26).

3. Како можеме мудро да го користиме времето додека сме во служба?

3 Иако биле сурово прогонувани, христијаните од првиот век ‚го наполниле Ерусалим со своето учење‘ (Дела 5:28). Дали и ние сме решени „да сведочиме темелно“? (Дела 10:42). Додека сме во служба, дали мудро го користиме времето? Ако чекаме да ни дојде партнерот за служба, или ако сме во служба со повеќе објавители и чекаме некој да заврши со повторна посета, дали го користиме тоа време за да им проповедаме на минувачите?

4. Како тоа што проповедаме со чувство на итност ни помага да бдееме?

4 Ни помага да бдееме: Бидејќи крајот на овој свет е многу близу, мораме да останеме будни, односно да бдееме (1. Сол. 5:1-6). Кога често зборуваме за нашата надеж за Царството, не сме преоптоварени со грижите на овој свет (Лука 21:34-36). А кога ‚го имаме на ум‘ Јеховиниот ден, поттикнати сме во поголема мера да учествуваме во проповедничкото дело со кое се спасуваат животи (2. Пет. 3:11, 12).

5. На што нѐ поттикнува тоа што го цениме животот?

5 Кога проповедаме со чувство на итност, покажуваме дека имаме исто гледиште за животот како Јехова, кој „не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“ (2. Пет. 3:9; Езек. 33:11). Затоа, да бидеме решени да им проповедаме на колку што е можно повеќе луѓе на нашето подрачје и да му донесеме слава на Јехова! (Пс. 109:30).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели