Како да задржиме чувство на итност додека проповедаме
За да го преживееме крајот на овој злобен свет, неопходно е да имаме чувство на итност. Ако ги применуваме следниве совети, ќе успееме во тоа.
Редовно моли се за Царството (Мат. 6:10).
Заштити си го срцето така што секој ден ќе ја читаш Библијата (Евр. 3:12).
Мудро користи го времето (Еф. 5:15, 16; Фил. 1:10).
Задржи едноставно око. Не дозволувај световните желби да ти го одвлечат вниманието (Мат. 6:22, 25; 2. Тим. 4:10).
Остани буден така што внимателно ќе го следиш исполнувањето на библиските пророштва (Мар. 13:35-37).
Чувството на итност ќе нѐ поттикне да даваме сѐ од себе во делото на проповедање кое наскоро ќе заврши (Јован 4:34, 35).