ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/04 стр. 1
  • Задржи чувство на итност!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Задржи чувство на итност!
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Немој да го изгубиш чувството на итност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Внимавај на твоето чувство на итност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како да задржиме чувство на итност додека проповедаме
    Нашата служба за Царството 2014
  • Засилување на сведоштвото додека се приближува крајот
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 11/04 стр. 1

Задржи чувство на итност!

1 Исус знаел дека времето што го имал додека бил на Земјата за да го заврши делото на својот Татко било ограничено (Јован 9:4). Затоа, ја извршувал својата служба со чувство на итност, а ги обучил и своите ученици да го прават истото (Лука 4:42—44; 8:1; 10:2—4). Материјалната удобност не му била најважното нешто (Мат. 8:20). Затоа можел да го заврши делото што Јехова му го дал (Јован 17:4).

2 Времето е ограничено: Времето во кое добрата вест треба да се проповеда по „целата населена земја“ исто така е ограничено (Мат. 24:14). Библиските пророштва откриваат дека живееме длабоко во времето на крајот. Наскоро „оние кои не го познаваат Бог и . . . оние кои не се послушни на добрата вест за нашиот Господ Исус . . . ќе претрпат судска казна на вечно уништување“ (2. Сол. 1:6—9). Тој суд ќе дојде потполно неочекувано (Лука 21:34, 35; 1. Сол. 5:2, 3). Луѓето треба да се освестат и да сфатат во каква опасна ситуација се наоѓаат. Ние сме одговорни да им помогнеме да ја бараат Јеховината милост додека сѐ уште има време (Соф. 2:2, 3).

3 Да правиме сѐ што можеме: Бидејќи сфаќаат дека „преостанатото време е скратено“, Божјите слуги го ставаат проповедањето пред сѐ друго (1. Кор. 7:29—31; Мат. 6:33). Некои се одрекле од економски погодности или други лични цели за да го зголемат учеството во службата (Мар. 10:29, 30). Други, пак, и покрај постојани искушенија, остануваат и понатаму „обилно вработени во делото Господово“ (1. Кор. 15:58). Мнозина без колебање јавно ја објавуваат добрата вест со децении (Евр. 10:23). Јехова многу ги цени сите такви жртви што се прават заради интересите на Царството (Евр. 6:10).

4 Тоа што нашиот живот го сосредоточуваме на обожавањето на Јехова, во кое спаѓа и проповедањето, ни помага да го задржиме Јеховиниот ден цврсто во мислите. Нѐ чува да не ни биде одвлечено вниманието од Сатановиот свет и ја зацврстува нашата решеност да задржиме свето однесување (2. Петр. 3:11—14). Навистина, ако ја вршиме службата со чувство на итност ќе можат да се спасат животи — и нашиот и на оние што нѐ слушаат (1. Тим. 4:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели