Засилување на сведоштвото додека се приближува крајот
1 Жетвената сезона е време на радост. Таа е и време на напорна работа. Времето за собирање на приносот е ограничено. Работниците не се осмелуваат да денгубат на работа.
2 Сликовито речено, Исус го споредил „свршетокот на светот“ со една жетва (Мат. 13:39). Ние живееме во свршетокот на овој систем на ствари, а времето за давање сведоштво „по целиот свет“ е ограничено (Мат. 24:14). Додека крајот сѐ повеќе се приближува, треба да го засилиме нашето учество во службата. Зошто? Исус објаснил: „Жетвата е голема, а работници малку“ (Мат. 9:37, 38; Рим. 12:11).
3 Итно држи се за тоа: Кога Исус го почнал своето големо проповедничко дело, имал само три и пол години за да го изврши она што му било доделено. Тој проповедал со чувство на итност, велејќи: „Треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен“ (Лука 4:43).
4 Исус всадил слично чувство на итност во своите ученици (Мар. 13:32—37). Ете зошто ‚секој ден во храмот и по куќите не престанувале да поучуваат и да го проповедаат Евангелието за Исуса Христа‘ (Дела 5:42). Помалку важните активности немале приоритет во нивните животи. Колку и да биле малку на број, тие биле успешни во проповедањето на добрата вест „на секое поднебесно создание“ (Кол. 1:23).
5 Сега, кога ‚е близу крајот на сѐ‘, имаме уште поголема причина да го негуваме истото чувство на итност (1. Петр. 4:7). Јехова одредил ден и час за крајот на овој систем на ствари (Мат. 24:36). Проповедничкото дело ќе биде завршено во времето што е преостанато. Затоа ние продолжуваме да ги зголемуваме нашите напори да достигнеме сѐ повеќе и повеќе луѓе со добрата вест.
6 Засилувајќи го нашето учество во делото на сведочење додека се приближува крајот, ќе го имаме задоволството да му го кажеме на Јехова она што го рекол Исус: ‚Го извршивме делото, што си ни го дал да го извршиме‘ (Јован 17:4).