ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/10 стр. 2
  • Дали правам доволно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали правам доволно?
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Дали неизмерно ги љубиш Јеховините потсетувања?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Јеховините опомени се веродостојни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Дали нѐ поттикнуваат духовно Јеховините потсетници?
    Нашата служба за Царството 1995
  • Радувај се на Јеховините опомени
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 7/10 стр. 2

Дали правам доволно?

1. Што би можело да го загрижува еден верен христијанин?

1 Дали некогаш си го имаш поставено ова прашање? Можеби си обесхрабрен бидејќи помалку учествуваш во службата на проповедање поради старост, здравствени проблеми или поголеми семејни одговорности. Една сестра со три деца напишала дека понекогаш чувствува вина затоа што семејните обврски не ѝ дозволуваат да посвети повеќе време и сила на службата. Што ќе ни помогне да гледаме реално на работите?

2. Што очекува Јехова од нас?

2 Што очекува Јехова од нас: Без сомнение, секој од нас би сакал да прави повеќе во службата на проповедање. Но, честопати има прилично голема разлика помеѓу тоа што би сакале да правиме и што реално можеме да правиме. Фактот дека сакаме да правиме повеќе покажува дека не сме самозадоволни. Треба да имаме на ум дека Јехова добро ги знае нашите ограничувања и не бара повеќе од тоа што реално можеме да го правиме (Пс. 103:13, 14). Што очекува тој од нас? Сака да му служиме со сета душа и да му го даваме нашето најдобро (Кол. 3:23).

3. Како можеме да процениме дали доволно се трудиме во службата?

3 Што ќе ни помогне реално да процениме кои се нашите можности? Можеме да го молиме Јехова да ни помогне објективно да гледаме на нашата ситуација (Пс. 26:2). Помошта може да дојде и од некој зрел соверник во кого имаме доверба, кој добро нѐ познава и кој не се плаши да ни каже каде треба да се подобриме (Изр. 27:9). Исто така, треба да имаме на ум дека нашите околности се менуваат, па затоа е корисно редовно да ја преиспитуваме својата ситуација (Еф. 5:10).

4. Како треба да гледаме на библиските потсетувања во врска со службата?

4 Како гледаш на потсетувањата: За време на една трка, навивачите честопати ги бодрат тркачите. Тоа не го прават за да им остават чувство дека не се напрегаат доволно, туку за да им помогнат да стигнат до целта. Слично на тоа, преку нашите состаноци и публикации добиваме охрабрувања и потсетувања на темел на Библијата да ја „проповедаме Божјата реч со чувство на итност“ (2. Тим. 4:2). Нивната цел е да ни помогнат, а не да ни покажат дека она што го правиме не е доволно. Можеме да бидеме уверени дека сѐ додека го даваме нашето најдобро, Јехова со задоволство ќе се сеќава на ‚нашето дело и на нашата љубов‘ (Евр. 6:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели