Да покажеме благодарност — Спомен-свеченоста ќе се одржи на 17 април
1. По примерот на псалмистот, што би требало да покажеме особено во периодот околу Спомен-свеченоста?
1 Од благодарност што Јехова многу пати го избавил и бил милостив кон него, псалмистот прашал: „Со што да му возвратам на Јехова за сите добра што ми ги направи?“ (Пс. 116:12). Денес Божјите слуги имаат уште повеќе причини да бидат благодарни. Со векови по запишувањето на вдахновените зборови од Псалм 116:12, Јехова му го дал на човештвото најголемиот дар — откупнината. Додека се подготвуваме за одбележувањето на Христовата смрт на 17 април, имаме добра причина да покажеме благодарност (Кол. 3:15).
2. Зошто ја цениме откупнината?
2 Благослови што ги носи откупнината: Поради откупнината, „простени ни се гревовите“ (Кол. 1:13, 14). Тоа ни овозможува да му служиме на Јехова со чиста совест (Евр. 9:13, 14). Можеме со слобода на говорот да му пристапуваме во молитва (Евр. 4:14-16). И, оние што веруваат во откупнината ќе добијат вечен живот! (Јован 3:16).
3. Како би можеле да му покажеме на Јехова дека сме му благодарни за откупнината?
3 Како ќе покажеме благодарност: Ако секој ден ги читаме предвидените библиски извештаи во врска со Спомен-свеченоста и ако размислуваме за прочитаното, ќе покажеме дека сме од срце благодарни. Во Стражарска кула од 1 февруари 2011 излезе статијата „Дали си подготвен за најважниот ден во годината?“ која може да ни помогне да ја постигнеме оваа цел. Исто така, можеме во искрена молитва да му кажеме на Јехова колку многу ја цениме откупнината (1. Сол. 5:17, 18). Благодарност покажуваме и ако сме присутни на Спомен-свеченоста од послушност кон Исусовата заповед (1. Кор. 11:24, 25). Освен тоа, можеме да се угледаме на Јехова, кој покажал неизмерна љубов, и да поканиме колку што е можно повеќе лица (Иса. 55:1-3).
4. Кој став би требало да го покажеме?
4 Благодарните слуги на Јехова нема да гледаат на Спомен-свеченоста како на обичен состанок. Тоа е најважниот состанок во годината! Додека наближува тој настан, да бидеме решени да покажеме ист став како псалмистот, кој напишал: „Благословувај го Јехова, душо моја, и не заборавај ги сите негови дела!“ (Пс. 103:2).