Цени ја честа да проповедаш
1. Како многумина во светот гледаат на нашето проповедничко дело?
1 За многумина во Сатановиот свет нашето проповедничко дело е „глупост“ (1. Кор. 1:18-21). Ако не сме внимателни, ова извртено гледиште може да нѐ обесхрабри и да ни ја намали ревноста (Изр. 24:10; Иса. 5:20). Зошто треба да ја цениме честа што сме Јеховини сведоци? (Иса. 43:10).
2. Зошто проповедањето може да се нарече ‚свето дело‘?
2 Тоа е ‚свето дело‘: Апостол Павле го нарекол проповедањето ‚свето дело‘ (Рим. 15:15, 16). Во која смисла е ‚свето дело‘? Кога проповедаме, ние соработуваме со Јехова ‚кој е свет‘ и придонесуваме да се посвети неговото име (1. Кор. 3:9; 1. Пет. 1:15). За Јехова нашето проповедање е „жртва на фалба“, што значи дека тоа е многу важен дел од нашето обожавање (Евр. 13:15).
3. Зошто проповедањето на добрата вест е огромна чест?
3 Релативно малкумина ја имаат огромната чест да ја проповедаат добрата вест. Ангелите со задоволство би прифатиле таква задача и без сомнение би ја извршиле многу добро (1. Пет. 1:12). Но, Јехова ни ја дал нам, несовршени луѓе — „земјени садови“ — таа огромна чест! (2. Кор. 4:7).
4. Како ќе покажеме дека го цениме проповедањето?
4 Една од најважните работи: Бидејќи многу го цениме проповедањето, за нас тоа е една од најважните работи во животот (Фил. 1:10). Затоа секоја седмица одвојуваме време за да проповедаме. Еден музичар кој ја цени честа да свири во светски познат оркестар би се подготвувал за секој концерт и би се трудел да ја подобрува својата вештина. Слично на тоа, и ние треба да се подготвуваме пред да одиме во служба за да можеме ‚исправно да се служиме со речта на вистината‘ и за да бидеме ‚вешти во поучувањето‘ (2. Тим. 2:15; 4:2).
5. Кој ја цени нашата служба?
5 Не дозволувај да те обесхрабри тоа што повеќето луѓе реагираат негативно. Имај на ум дека на нашето подрачје сѐ уште има многу луѓе кои се благодарни што ги посетуваме. Но, нам не ни е најважно да наидеме на одобрување кај луѓето. Најважно ни е што мисли Јехова, а тој многу го цени нашиот труд (Иса. 52:7).