ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/11 стр. 4
  • Предлози

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Предлози
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2012
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2013
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2015
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 12/11 стр. 4

Предлози

Како да започнеме библиски студии првата сабота во јануари

„Некои мислат дека Библијата е книга што содржи пророштва во кои можеме да имаме доверба. Други мислат дека содржи нејасни предвидувања што може да се толкуваат на разни начини. Што мислите вие?“ Почекај да одговори. Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 јануари и разгледајте го текстот под првиот поднаслов на 16. страница и прочитајте најмалку еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.

Стражарска кула 1 јануари

„Можеме да научиме многу од луѓето што влијаеле врз историјата. Дали се согласувате со тоа? [Почекај да одговори.] Овој стих зборува за една истакната личност, единствената личност која во Библијата е наречена ‚Божји пријател‘. [Прочитај Јаков 2:23.] Ова списание објаснува зошто Бог го сметал Авраам за пријател и што можеме да научиме од примерот на овој човек.“

Разбудете се! Јануари

„Поткупот и другите видови нечесност станаа вообичаена појава во деловниот свет. Некои мислат дека, за да успееш на деловен план, мораш барем малку да бидеш нечесен. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Би сакал да Ви прочитам една интересна изрека. [Прочитај Изреки 20:17.] Ова списание објаснува зошто вреди да се биде чесен.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели