Јеховините сведоци — вера на дело, 1. дел: Излез од темнината
Во Библијата, светлината е поврзана со вистината, а темнината со лагата (Пс. 43:3; Иса. 5:20). Темнината почнала да се надвиснува над светот кога Сатана ја измамил Ева, а со текот на времето, тој успеал да го завие во густа темнина и целиот свет (Отк. 12:9). Во филмот Јеховините сведоци — вера на дело, 1. дел: Излез од темнината е прикажано како зраците на духовната светлина почнале да ја растеруваат темнината (Иса. 60:1, 2). Откако ќе го гледаш овој филм, обиди се да одговориш на следниве прашања:
1) Како настанала густа темнина по смртта на апостолите? 2) Почнувајќи од 12 век, кои настани им помогнале на луѓето да сфатат дека црквата отстапила од вистината? 3) Кои биле Хенри Гру и Џорџ Сторс? 4) Кои настани одиграле клучна улога во животот на Чарлс Расел? 5) Што правеле брат Расел, неговиот татко и неколкумина нивни пријатели кога се собирале како група да ја проучуваат Библијата, и до какви заклучоци дошле? 6) Како дошло до тоа нивната група да се спои со групата на Нелсон Барбур, но зошто брат Расел се повлекол? 7) Што се случило во 1879 год., со што самнала една нова ера на духовна светлина? 8) Што правеле потоа сѐ поголемиот број Истражувачи на Библијата за да ја шират добрата вест? 9) Со години однапред, што очекувале Истражувачите на Библијата да се случи во 1914 год.? 10) Со каков предизвик се соочиле Истражувачите на Библијата кога умрел брат Расел? 11) Што направиле Истражувачите на Библијата откако брат Ратерфорд и неговите соработници биле пуштени од затвор? 12) Како овој филм го зголемува твоето ценење за Јеховината организација? 13) Како ја зајакна твојата решеност да продолжиш ревносно да проповедаш и покрај пречките? 14) Како можеме да го користиме овој филм за да им помогнеме на нашите роднини, интересенти и на други?
Тие рани Истражувачи на Библијата ни оставиле навистина скапоцено духовно наследство! Во еден свет потонат во духовна темнина, тие храбро и ревносно ја ширеле светлината. Да го следиме нивниот пример и ‚да живееме како деца на светлината‘ (Еф. 5:8).