Јеховини сведоци — вера на дело, 2. дел
Откако брат Ратерфорд и неговите соработници биле пуштени од затвор во 1919 год., Истражувачите на Библијата ги чекала голема работа. Како што се гледа од DVD-то Јеховини сведоци — вера на делу, 2. део: Нека засја светлост, Истражувачите на Библијата имале многу противници, нивното разбирање на Библијата продолжило да се продлабочува, а нивната вера била испитана (Изр. 4:18; Мал. 3:1-3; Јован 15:20). Откако ќе го гледаш ова DVD, обиди се да одговориш на следниве прашања:
1) Какви методи користеле Истражувачите на Библијата за да ја шират добрата вест? 2) Што се случило на значајните конгреси во 1931 и 1935 год.? 3) Што е значајно во врска со Стражарска кула од 1 ноември 1939 год.? 4) Опиши што се случило на Медисон Сквер Гарден додека брат Ратерфорд го држел говорот „Влада и мир“? 5) Што е значајно во врска со говорот на брат Нор „Мир — може ли да потрае?“ 6) Во 1942 год., какви планови направиле Јеховините сведоци за да го прошират проповедањето? 7) Објасни некои од правните битки што се воделе во САД, Канада и Грција. 8) Какво влијание одиграла школата Гилеад врз проповедничкото дело? 9) Кое важно дело почна во 1946 год., и зошто? 10) Што направија Јеховините сведоци за нивното однесување да биде во склад со мерилата изнесени во Библијата? 11) Објасни некои од промените што беа направени во 1970-тите за организацијата потесно да се држи за примерот од Библијата. 12) Како овој филм ти помогна да сфатиш дека Јехова има потполна контрола над работите и дека ова е негова организација? 13) Како ја зајакна твојата решеност да продолжиш ревносно да проповедаш и покрај пречките? 14) Како можеме да го користиме овој филм за да им помогнеме на нашите роднини, интересенти и на други?
Секој нов ден е ново поглавје во историјата на Јеховините сведоци. Што ќе каже таа за нашите напори во службата? Исто како нашите браќа во минатото, да продолжиме ревносно да ја објавуваме добрата вест за да „светне светлина“! (2. Кор. 4:6).