Јеховините сведоци — организирани за да ја пренесуваат добрата вест
Веќе над 100 години, Јеховините сведоци се организирани за да ја пренесуваат добрата вест. Преку најголемото проповедничко дело што некогаш постоело, оваа порака ја објавуваме на стотици јазици и во повеќе од 230 земји (Мат. 24:14). Зошто е потребно ова дело? Како се извршува низ целиот свет? Одговорот на овие прашања можеме да го најдеме на DVD-то Јеховините сведоци — организирани за да ја пренесуваат добрата вест (на српски јазик) во кое се објаснети детали за нашето меѓународно дело. Откако ќе го гледаш, обиди се да одговориш на следниве прашања.
Како ова DVD ти помогна подобро да ги сфатиш и да имаш поголемо ценење за 1) трудот што Јеховината организација го вложува за да ја пренесува добрата вест? (2. Тим. 4:2) 2) бетелските семејства низ целиот свет? 3) обуката што им се дава на мисионерите и на надгледниците? (2. Тим. 2:2) 4) важноста секој ден да го започнеме со разгледување на дневниот стих и секоја седмица да се подготвуваме за собраниските состаноци? (Дела 17:11) 5) присуството на собраниските состаноци? (Евр. 10:24, 25) 6) благословите што ќе ги добиеш кога Рајот ќе биде обновен на Земјата? (Иса. 11:9) 7) честа да учествуваш во жетвата што е во тек? (Јован 4:35)
Ова DVD ни дава одлична можност да им помогнеме на заинтересираните лица да се запознаат со меѓународното дело што го вршат Јеховините сведоци. 8) Кога би било добро да им го покажеме овој филм на интересентите, на роднините и на другите? 9) Која позитивна реакција си ја забележал кај луѓето кога си го покажувал овој филм?
Додека размислуваме што сѐ има постигнато Јехова, поттикнати сме да ги повториме зборовите на псалмистот: „Ти направи многу дела чудесни, о Јехова, Боже мој, и многу работи за нас си намислил — ти нема рамен“ (Пс. 40:5). Затоа, добро да го користиме ова DVD за да им помогнеме на другите да имаат поголемо ценење за Јехова и за неговата организација!