Нејзината иницијатива била наградена
МНОГУ МЛАДИ МЕЃУ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ дале добар пример со тоа што смело зборувале за својата вера. Размислете за Стела, тинејџерка од Солун (Грција). „На еден од нашите христијански состаноци“, вели таа, „дискутиравме за тоа како да ги користиме нашите видеокасети за да им помогнеме на другите да го запознаат Јехова. Размислував на кој начин можам да ја употребам видеокасетата Јеховините сведоци — организација зад името. Следниот ден разговарав со директорот на училиштето и му предложив да ја прикажеме видеокасетата во училиштето. На мое изненадување, тој немаше ништо против — доколку дадеа согласност и наставниците.
Подоцна истиот ден, директорот ми рече дека видеокасетата може да се прикаже следната седмица — но, по завршувањето на часовите. Бев разочарана затоа што мислев дека моите соученици нема да го жртвуваат своето слободно време за да ја гледаат. Сепак, следниот ден ги поканив сите. Тие не само што се согласија туку повикаа ученици и од другите одделенија. Уште шест наставници — вклучувајќи и еден теолог — дојдоа да ја гледаат видеокасетата.
Сите беа многу внимателни. Потоа, директорот ме покани да водам дискусија со прашања и одговори. Многу ученици беа импресионирани од доброволната работа што се извршува во седиштето на Јеховините сведоци, која беше прикажана на видеокасетата. ‚Иако не се платени, тие радосно ги извршуваат своите задачи!‘, извикнал еден ученик.
На сите присутни им кажав за нашите библиски публикации. Исто така, го поделив трактатот Вест за Царството бр. 36, ‚Новиот милениум — што Ви носи иднината?‘ Директорот ми побара уште примероци за да може да им ги даде на наставниците што не беа присутни.
Потоа, многу ученици разговараа со своите пријатели за видеокасетата. Бев радосна што ја искористив оваа прилика за да дадам сведоштво. Моите соученици повеќе ме почитуваат; но, што е уште поважно, тие го почитуваат Богот што го обожавам!“