Влијание на видеокасетите што даваат сведоштво
1 „Нашиот син ја гледаше оваа видеокасета уште пред да прооди. Постојано ја гледа. Колку е убаво што имаме алатки кои во нашите деца всадуваат љубов кон Јехова!“ За која видеокасета зборувал овој христијански родител? За видеокасетата со наслов Ное — тој одел со Бог. Мајката на некое дете што ја гледало видеокасетата Ное на некое друго место, иако не е Сведок, испратила до канцеларијата на подружницата донација од 90 долари и прашала дали имаме и други видеокасети за деца. Видеокасетите што ги произведува Јеховината организација вршат силно влијание и врз младите и врз старите.
2 Во семејството: Откако едно семејство Сведоци ја гледало видеокасетата Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад, мајката раскажала: „Цел ден размислував за тоа како Јехова им овозможил на обични луѓе да издржат невообичаени работи! Размислувањето за тоа ме потсети колку се релативно безначајни моите проблеми. Оваа видеокасета ја гледавме заедно со нашите деца и тоа им помогна појасно да ја увидат потребата да се потпираат на Јехова. Потоа, додека дискутиравме за неа со нашите ќерки, им помогнавме да бидат подобро опремени да се справат со секакви притисоци и прогонства на кои можеби ќе наидат“.
3 На училиште: Како дел од својот состав, еден Сведок тинејџер успеал да прикаже пред своето одделение дел од видеокасетата Стојат цврсто. Претходно наставничката рекла дека не ги сака Сведоците. Откако ја гледала видеокасетата, таа изјавила: „Ова сосема го промени моето гледиште за Јеховините сведоци. Ветувам дека следниот пат кога ќе дојдат на мојата врата, ќе ги сослушам и ќе почнам да ја проучувам Библијата со нив!“ Што го променило нејзиниот впечаток за нас? Рекла дека тоа била нашата „вистинска љубов и лојалност“.
4 Во службата: Една сестра сретнала една жена што се колебала да земе литература, иако имала прашања за нас и за нашите верувања. Сестрата повторно навратила со видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името и ја пуштила за да ја гледаат жената и нејзиниот сопруг. Двајцата биле многу импресионирани и се согласиле да ја проучуваат Библијата. Како резултат на доброто сведоштво што им било дадено, почнале да го усогласуваат својот живот во склад со Божјата волја.
5 Дали ги користиш нашите видеокасети на најдобар можен начин?