Нашата официјална веб-страница — користи ја за лично и семејно проучување
Читај ги најновите списанија на Интернет: Стражарска кула и Разбудете се! се достапни на Интернет неколку седмици пред собранијата да ги добијат во печатена форма. Исто така, на некои јазици достапни се и аудиоснимки од списанијата. (Отвори „Изданија/Списанија“.)
Читај ги содржините што излегуваат само на Интернет: Некои статии, како „Катче за младите“, „Што учам од Библијата“, „Семејно катче“ и „Младите прашуваат“ сега ги има само на нашата веб-страница. Нешто од овој материјал би можел да разгледаш додека проучуваш сам или со семејството. (Отвори „Библиски учења/Деца“ или „Библиски учења/Тинејџери“.)
Дознај ги најновите вести: На некои јазици, меѓу кои и српски, можеш да прочиташ охрабрувачки извештаи и искуства и да гледаш видеоснимки за тоа како напредува нашето дело низ светот. Известувањата за катастрофи и за прогонство ќе ни помогнат да бидеме конкретни кога се молиме за нашите браќа (Јак. 5:16). (Отвори „Вести“ на српската страница.)
Истражувај со помош на Онлајн библиотеката: Ако Онлајн библиотеката ја има на твојот јазик, читај го дневниот стих или истражувај на компјутер или на мобилен уред низ некои од поновите изданија. (Отвори „Изданија/Библиотека“ или внеси www.wol.jw.org во лентата за адреса на веб-прелистувачот на твојот компјутер.)
[Графикон на страница 4]
(Види во публикацијата)
Пробај
[Слика на страница 4]
1 Кликни на сликата или на линкот „Преземи“. Сликата се отвора како PDF документ. Отпечати ја и дај му ја на твоето дете да ја доврши.
2 За да гледаш видеоснимка, кликни на неа.