Нашата официјална веб-страница — користи ја за да му помогнеш на некој што зборува друг јазик
Покажи му ја нашата веб-страница: Покажи му како да ја користи листата „Јазик“ за да ја отвори веб-страницата на неговиот јазик. (На некои јазици е достапен само дел од содржините.)
Отвори му публикација на неговиот јазик: Покажи му страница од некоја наша публикација, како што се книгата Што учи Библијата? или трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Од листата „Читај на“ избери го јазикот на кој зборува станарот.
Пушти му аудиоснимка: Најди статија за која има аудиоснимка на неговиот јазик и пушти му ја. Ако учиш некој јазик, подобри го така што додека читаш ќе слушаш аудиоснимка од истиот материјал на тој јазик. (Отвори „Изданија/Книги и брошури“ или „Изданија/Списанија“.)
Сведочи им на глувите: Ако наидеш на глуво лице, пушти му видеоснимка на знаковен јазик од некое поглавје од Библијата, од некоја книга, брошура или трактат. (Отвори „Изданија/Знаковен јазик“. Напомена: Во Македонија глувонемите разбираат српски и италијански знаковен јазик.)
[Графикон на страница 6]
(Види во публикацијата)
Пробај
1 Кликни ▸ за да ја пуштиш избраната аудиоснимка (ако е достапна на твојот јазик) или едно од копчињата „Опции за преземање“ за да ја преземеш публикацијата.
2 Од листата „Читај на“ избери друг јазик за да ти се отвори истата содржина на тој јазик.
3 Кликни „Следно“ или кликни на некој линк од „Содржина“ за да прочиташ друга статија или поглавје.