ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/13 стр. 2
  • За кого би била интересна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За кого би била интересна?
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Искористувај ги најдобро што можеш нашите списанија
    Нашата служба за Царството 1995
  • Нуди ги списанијата во твојата служба
    Нашата служба за Царството 2005
  • Одвојувај време за работа со списанија
    Нашата служба за Царството 1993
  • Избирај статии за да ги погодиш посебните интереси на луѓето
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 5/13 стр. 2

За кого би била интересна?

1. За што треба да размислиме кога ги читаме списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, и зошто?

1 Кога се подготвуваат списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, се размислува за потребите на луѓето низ целиот свет. Затоа, во нив има статии со многу различни теми. Додека ја читаме секоја статија од нашите списанија, треба да размислиме за кого би можела да биде интересна и потоа да му ја понудиме.

2. Кои статии од нашите списанија би можеле да бидат особено интересни за другите? Што треба да направиме пред да сведочиме во некоја државна установа?

2 Дали во Стражарска кула од овој месец има некоја библиска тема за која веќе претходно си зборувал со колега на работа? Има ли некоја статија за семејството која би можела да му помогне на твој роднина? Имаш ли познајник кој планира да патува во некоја земја за која има статија во Разбудете се!? Дали некое од списанијата ќе биде интересно за некои фирми или државни установи на твоето подрачје? На пример, списание во кое се зборува за проблемите со кои се соочуваат постарите би можеле да го понудиме во некој дом за остарени лица. Некоја статија за криминал би можела да ѝ користи на полицијата. Но, ако сметаш дека одредена тема од нашите списанија би била интересна за некоја државна установа, те молиме прво да зборуваш со старешините од твоето собрание за тоа дали и како би било мудро да сведочиш таму (1. Кор. 14:40).

3. Раскажи искуство што покажува зошто е добро да процениме кому да понудиме одредено списание.

3 Резултати: Откако го добила Разбудете се! од октомври 2011 год. со наслов „Како да се подигаат одговорни деца“, една брачна двојка во Јужноафриканската Република се јавила во 25 училишта на подрачјето на нивното собрание. Вкупно 22 училишта добиле примероци од ова списание и им ги разделиле на учениците. Една друга брачна двојка од истата земја исто така оставила примероци од ова списание во училиштата на нивното подрачје. Наставниците во едно од училиштата одлучиле да го користат ова списание за време на наставата. Оваа брачна двојка му го раскажала ова искуство на покраинскиот надгледник. Тој потоа ги поттикнал собранијата од неговата покраина да организираат ова списание да им се понуди на училиштата на нивните подрачја. Подружницата добила толку многу барања за ова списание што морало повторно да се печати!

4. Зошто сакаме списанијата да стигнат до колку што е можно повеќе луѓе?

4 Стражарска кула и Разбудете се! се единствените списанија на Земјата со кои се „објавува спасение“ (Иса. 52:7). Тие објаснуваат зошто се случуваат денешните настани и какво значење имаат за нас. Освен тоа, ги поттикнуваат луѓето да ја читаат Библијата и истакнуваат дека Божјето Царство е единственото решение за човечките проблеми. Бидејќи информациите во нив се толку важни, сакаме овие списанија да стигнат до колку што е можно повеќе луѓе. Затоа, би било добро да се прашаме: ‚За кого би била интересна оваа тема?‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели