Прилики да го величаме Јехова уште повеќе
1. Кој новитет ќе ни помогне уште повеќе ‚да го величаме Јехова‘?
1 Од март оваа година, беше воведен еден новитет — објавителите имаат можност да бидат помошни пионери со квота од 30 часови секој март и април и во текот на месецот кога покраинскиот надгледник е во посета на собранието. Ако посетата фаќа по неколку дена од два месеца, објавителите што ќе се пријават за пионерска служба со 30 часови можат да изберат кој месец сакаат да бидат помошни пионери. Сите помошни пионери можат да присуствуваат на целиот состанок што покраинскиот надгледник ќе го одржи со општите и специјалните пионери. Ова значи дека ако не сме во можност да ја исполниме квотата од 50 часови, сепак можеме ‚да го величаме Јехова‘ како помошни пионери четири месеци во годината со квота од 30 часови! (Пс. 109:30; 119:171).
2. Каква можност ќе имаат оние што ќе бидат помошни пионери во месецот кога покраинскиот надгледник е во посета?
2 За време на посетата на покраинскиот надгледник: Сега многу повеќе објавители ќе можат да бидат помошни пионери кога покраинскиот надгледник ќе дојде на посета и меѓусебно да се охрабрат кога ќе одат во служба со него (Рим. 1:11, 12). Многу помошни пионери веројатно ќе се потрудат да си одвојат ден од седмицата за да одат во служба со покраинскиот надгледник. Оние што одат на работа би можеле да го замолат да оди во служба со нив во сабота или во недела. Освен тоа, за помошните пионери ќе биде големо охрабрување тоа што ќе можат да присуствуваат на состанокот со општите и специјалните пионери!
3. Зошто периодот околу Спомен-свеченоста е одлично време да бидеме помошни пионери?
3 Во март и април: Оние што веќе ја користеа можноста да бидат помошни пионери со квота од 30 часови еден месец во периодот околу Спомен-свеченоста, сега можат двојно да ја зголемат својата „жртва на фалба“! (Евр. 13:15). И март и април се одлични месеци за да ја зголемиме службата како помошни пионери. Секоја година, во текот на овие два месеца, учествуваме во една убава акција во која ги каниме луѓето да дојдат на Спомен-свеченоста. Освен тоа, бидејќи во периодот околу Спомен-свеченоста мнозина ја зголемуваат службата, можеме да соработуваме со разни објавители. По Споменот, ги посетуваме оние што дошле и ги поттикнуваме да дојдат и на специјалното предавање. Дали ќе бидеш поттикнат од срце да ги искористиш овие дополнителни прилики да служиш како помошен пионер? (Лука 6:45).