ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/13 стр. 7
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Заклучен разговор со кандидатите за крштавање
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Објавители на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Додаток
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • На Јеховините овци им треба нежна грижа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 7/13 стр. 7

Прашања

◼ До кој степен треба еден некрстен објавител да е редовен на состаноци и во служба пред да може да се крсти?

Крштавањето е најважната одлука што човек може да ја донесе. Затоа, пред некој да биде одобрен да се крсти, треба до одреден степен да знае што очекува Бог од него. Освен тоа, треба да се гледа дека е решен да живее според Божјите барања.

На христијаните им е заповедано да не ги пропуштаат состаноците, па затоа кај еден некрстен објавител треба да е очигледно дека прави сѐ за да биде редовен (Евр. 10:24, 25). Исто така, би требало и да коментира на состаноците. Би било добро да е запишан и во Теократската школа за служба, иако тоа не е задолжително.

Освен тоа, бидејќи на христијаните им е дадена задача да ја проповедаат добрата вест и да прават ученици, еден некрстен објавител треба редовно да оди во служба пред да се крсти (Мат. 24:14; 28:19, 20). Но, колку месеци по ред треба да извести дека оди во служба пред да биде одобрено да се крсти? Се разбира, треба да се остави доволно време за да се види дека е цврсто решен редовно и ревносно секој месец да учествува во службата (Пс. 78:37). Меѓутоа, можеби ќе бидат доволни и само неколку месеци за да ги исполни условите за крштавање. А колку часови треба да извести? Во врска со ова нема строго правило. Старешините треба да ги земат предвид околностите на секој објавител и да бидат разумни и урамнотежени (Лука 21:1-4).

Старешините (или слугите-помошници во собранијата каде што нема доволно старешини) кои ги разгледуваат прашањата со кандидатот за крштавање треба да имаат на ум дека секој е различен и треба добро да размислат дали кандидатот ги исполнува условите за крштавање. Кај него треба да се гледа дека има вистинска желба да биде Јеховин сведок и дека покажува ценење за честа да биде дел од Јеховината организација и да учествува во службата. Старешините се свесни дека кандидатот сѐ уште не е духовно зрел или искусен во службата. Ако сметаат дека не е спремен за крштавање, треба на темел на Библијата љубезно да му објаснат зошто донеле таква одлука и да се погрижат да добие духовна помош.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели