Од 6 јануари ќе се проучува книгата Приближи му се на Јехова
1. Која публикација ќе ја проучуваме од 6 јануари?
1 Јехова сака да му се приближиме (Јак. 4:8). За да успееме во тоа, од 6 јануари на Собраниското проучување на Библијата ќе ја проучуваме книгата Приближи му се на Јехова. Во врска со целта на оваа книга, во воведот пишува: „Ако размислуваме за начинот на кој Јехова ги покажува неговите особини, ако учиме од Исус Христос кој совршено ги покажувал истите тие особини и ако сфатиме како и ние да ги покажуваме, ќе станеме уште поблиски со Бог“. Оваа книга се проучуваше на Студија на книга во текот на 2004 и 2005 год. Меѓутоа, за околу два милиони луѓе, кои во меѓувреме станаа Сведоци, ова ќе биде првпат на состанок подетално да ги проучуваат прекрасните особини на Јехова за кои се зборува во оваа книга. А оние што веќе ја проучувале книгата, ќе можат уште повеќе да го зголемат своето ценење за Јеховините особини (Пс. 119:14).
2. Како ќе се проучува книгата Приближи му се на Јехова?
2 Како ќе се проучува: Братот што ќе го води проучувањето ќе почне со краток вовед, можеби од една до две реченици. Во книгата не е наведено кои стихови треба да се прочитаат, затоа водителот ќе избере кои ќе бидат главните стихови што ќе се читаат. На крајот од секое проучување може да се постават едно до две прашања за повторување. Ако во материјалот за проучување е вклучена рамката „Прашања за размислување“, таа ќе се користи за повторување. Ако има време, водителот може да одлучи да се прочитаат некои од наведените стихови во рамката и потоа да им постави додатни прашања на присутните.
3. Што треба да правиме додека ја проучуваме оваа книга, и зошто?
3 Извлечи целосна корист: Подготвувај се однапред дури и ако веќе си ја проучувал книгата. Учествувај во дискусијата бидејќи со тоа ќе го фалиш Јехова, полесно ќе ги запомниш информациите и другите присутни ќе извлечат корист (Пс. 35:18; Евр. 10:24, 25). Колку повеќе размислуваш за возвишените особини на Јехова толку поблизок ќе стануваш со него (Пс. 77:11-13). А тоа ќе ти помогне да бидеш уште порешен да ги слушаш неговите заповеди и да имаш уште поголема желба да им кажуваш на другите за него (Пс. 150:1-6).