Зголеми ја својата радост во периодот околу Спомен-свеченоста
1. Како можеш да бидеш порадосен во периодот околу Спомен-свеченоста?
1 Дали сакаш да бидеш порадосен во текот на месеците март, април и мај? Еден начин на кој можеш да го направиш тоа е да ја зголемиш својата служба и, ако е можно, да бидеш помошен пионер. Како може ова да ти помогне да бидеш порадосен?
2. Зошто сме порадосни кога повеќе учествуваме во службата?
2 Зголеми ја својата радост: Јехова нѐ создал да бидеме радосни и исполнети кога ги задоволуваме нашите духовни потреби додека верно му служиме (Мат. 5:3). Освен тоа, создадени сме да чувствуваме радост и кога даваме (Дела 20:35). Кога одиме во служба ги правиме двете работи што придонесуваат да бидеме радосни — му служиме на Бог и им помагаме на луѓето. Според тоа, колку повеќе одиме во служба толку поголема е нашата радост. Исто така, колку повеќе проповедаме толку повешти стануваме. А ова, пак, ни помага да стекнеме самодоверба и да имаме помалку трема. Кога сме почесто во служба имаме повеќе можности да дадеме добро сведоштво и да започнеме библиски студии. Сето ова ни ја збогатува службата и нѐ прави порадосни.
3. Зошто месеците март и април се убава можност да бидеме помошни пионери?
3 Во март и април имаме убава можност да ја зголемиме својата служба затоа што можеме да бидеме помошни пионери со 30 или со 50 часови. Исто така, почнувајќи од сабота, 22 март, па сѐ до понеделник, 14 април, ќе можеме да учествуваме во акцијата со која ќе ги каниме луѓето на Спомен-свеченоста. Во собранијата сите ќе бидат возбудени и радосни затоа што ќе соработуваат „рамо до рамо“ со цел да се обработи што поголем дел од подрачјето (Соф. 3:9, фус.).
4. Што треба да направиме ако сакаме да бидеме помошни пионери?
4 Планирај однапред: Одвој време и размисли дали можеш да направиш некои промени за да учествуваш во зголемена мера во службата во текот на еден или повеќе месеци. Моли се во врска со тоа (Јак. 1:5). Зборувај со твоето семејство и со некои објавители од собранието (Изр. 15:22). Можеби ќе увидиш дека, и покрај здравствените проблеми или полното работно време, ќе можеш да служиш како помошен пионер и со тоа да ја зголемиш твојата радост.
5. Кој ќе се радува ако ја зголемиме нашата служба во периодот околу Спомен-свеченоста?
5 Јехова сака да бидеме радосни (Пс. 32:11). Со тоа што ќе ја зголемиме нашата служба во периодот околу Спомен-свеченоста ќе бидеме радосни и ние и нашиот небесен Татко (Изр. 23:24; 27:11).