Посебна покана
1. Кога ќе почне акцијата за делење на поканите за конгресите во 2014 год.?
1 Ако планираш да викнеш некои пријатели или роднини на посебен ручек за кој ќе потрошиш многу време и средства, сигурно со воодушевување ќе ги поканиш да дојдат. Слично на ова, беше вложен голем труд за да се подготви духовната гозба која нѐ очекува на обласните и меѓународните конгреси во 2014 год. Три седмици пред да почне нашиот конгрес, ќе имаме можност да ги каниме и другите луѓе да дојдат. Што ќе ни помогне со воодушевеност да ги поделиме поканите?
2. Што ќе нѐ поттикне да дадеме сѐ од себе во акцијата?
2 Ќе бидеме поттикнати да дадеме сѐ од себе во оваа акција ако со ценење размислуваме за тоа колку ние лично уживаме на духовната гозба што ни ја приредува Јехова на конгресите (Иса. 65:13, 14). Освен тоа, не треба да заборавиме дека секоја година има добри резултати од оваа акција. Некои од оние што ќе ги поканиме навистина ќе дојдат на конгресот. Сепак, сеедно колкумина ќе ја прифатат поканата, трудот што го вложуваме во текот на акцијата ќе му донесе фалба на Јехова и ќе покаже колку великодушен е тој (Пс. 145:3, 7; Отк. 22:17).
3. Како ќе се делат поканите?
3 Секое старешинство треба да одреди како може собранието да подели што е можно повеќе покани. Тоа ќе одлучи и дали ќе се оставаат покани кај оние што нема да ги најдеме дома, и дали ќе ги користиме кога сведочиме на јавни места во рамките на нашето подрачје. За време на викендите, ако е соодветно, покрај поканата треба да нудиме и списанија. Ако првата сабота од месецот паѓа во текот на акцијата, наша главна цел треба да биде да ја делиме поканата, а не да започнеме библиски студии. Откако ќе заврши акцијата, ќе бидеме пресреќни што со воодушевеност сме учествувале во неа и што сме поканиле многу луѓе да присуствуваат заедно со нас на духовната гозба што ни ја приредил Јехова!