ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/15 стр. 4
  • Покана за конгрес

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покана за конгрес
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • Посебна покана
    Нашата служба за Царството 2014
  • Акција што дава резултати
    Нашата служба за Царството 2013
  • Акција за делење на поканите за конгресот
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • На 2 април ќе почнеме да делиме покани за Спомен-свеченоста
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 4/15 стр. 4

Покана за конгрес

1. Кога ќе почне акцијата за делење на поканите за конгресот?

1 Ако планираш да викнеш некои пријатели или роднини на посебен ручек за кој ќе потрошиш многу време и средства, сигурно со одушевеност ќе ги поканиш да дојдат. Слично на ова, беше вложен голем труд за да се подготви духовната гозба која нѐ очекува на нашиот претстоен конгрес. Три седмици пред конгресот, Јехова ни дава чест да ги каниме и другите. Што ќе ни помогне одушевено да делиме покани?

2. Што ќе нѐ поттикне да дадеме сѐ од себе во акцијата?

2 Ќе бидеме поттикнати да дадеме сѐ од себе во оваа акција ако со ценење размислуваме за тоа колку ние лично уживаме во духовната гозба што ни ја приредува Јехова на конгресите (Иса. 65:13, 14). Освен тоа, не треба да заборавиме дека секоја година има добри резултати од оваа акција. (Види ја рамката „Резултати од акцијата“.) Некои од оние што ќе ги поканиме ќе дојдат на конгресот, а други не. Сепак, независно од тоа колку ќе дојдат, трудот што ќе го вложиме во акцијата ќе му донесе фалба на Јехова и ќе покаже колку великодушен е тој (Пс. 145:3, 7; Отк. 22:17).

3. Како ќе се делат поканите?

3 Секое старешинство треба да одреди како може собранието да подели што е можно повеќе покани. Меѓу другото, треба да одреди дали ќе се оставаат кај луѓето што не се дома и дали ќе се нудат при сведочењето на прометни места во рамките на собраниското подрачје. За време на викендите, ако е соодветно, освен покана треба да понудиме и списанија. Откако ќе заврши акцијата, ќе бидеме пресреќни што со одушевеност сме учествувале во неа и што сме поканиле многу луѓе да присуствуваат заедно со нас на духовната гозба што ни ја приредил Јехова!

Што би можел да кажеш?

Откако ќе го поздравиш станарот, би можел да кажеш: „Учествуваме во една акција што се извршува низ целиот свет и ги каниме луѓето на еден многу важен настан. На оваа покана пишува кога и каде ќе се одржи тој настан“.

Резултати од акцијата

  • Пред неколку години, додека една сестра делела покани, се прашувала: ‚Ќе дојде ли воопшто некој на конгресот?‘ На конгресот, во сабота претпладне, во близина забележала еден господин, припадник на Сиките, па решила да започне разговор со него. Дознала дека дошол затоа што добил покана. Имал многу прашања на кои сестрата му одговорила. Рекол дека многу му се допаѓа програмата и дека е одушевен од изгледот и однесувањето на присутните. Истиот ден, сестрата започнала разговор и со еден брачен пар што седел во близина. И тие добиле покана, па дошле на конгресот со автобус. Уживале во програмата и планирале да дојдат и во недела. Тогаш сестрата сфатила колку е важна акцијата што се организира секоја година.

  • На еден неодамнешен конгрес, еден брачен пар општи пионери се запознале со постар брачен пар што дошол првпат на конгрес. Пионерите ги прашале кој ги поканил. Тие одговориле: „Еднаш, кога си дојдовме дома, најдовме покана под вратата“. Ја прочитале поканата и го пополниле купонот на задната страница. На паузата од конгресот, други браќа го поделиле својот ручек со нив. Толку им се допаднала програмата што сакале да дојдат и следниот ден. Било договорено некој да ги посети и да им помага духовно да напредуваат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели