Акција што дава резултати
И оваа година, три седмици пред конгресот ќе имаме акција во која ќе им делиме покани на заинтересираните лица на нашето подрачје. Има добра причина зошто секоја година има ваква акција. Оние што ќе земат покана и ќе дојдат на конгресот обично се одушевени од библиските говори, од тоа колку добро се организирани одделенијата во кои сите се доброволци и од доброто однесување и единството што го гледаат (Пс. 110:3; 133:1; Иса. 65:13, 14). Сепак, дали нашата акција дава резултати, особено во места каде заинтересираните лица ќе треба да патуваат за да дојдат на конгресот?
По конгресот во 2011 год., во една подружница стигнало писмо од една жена која нашла покана на својата врата. Таа обично се криела кога на вратата ќе ѝ дошле Јеховини сведоци. Во писмото напишала: „Имав убава куќа, прекрасен сопруг и мислев дека имам сѐ што е потребно за да бидам среќна. Но, за жал, не бев. Мојот живот немаше никаква смисла. Затоа, решив да возам 320 километри за да присуствувам на програмата во сабота“. Толку многу ѝ се допаднал конгресот што му се јавила на својот сопруг за да му каже дека ќе остане и во недела. „Го слушав секој говор, запознав многу Јеховини сведоци и сфатив дека не сакам ова тука да заврши.“ Кога се вратила дома почнала да проучува и за четири месеци станала некрстен објавител. „Се радувам што ја најдов поканата на мојата врата бидејќи сега мојот живот има вистинска смисла!“
Некои што ќе добијат покана ќе дојдат на конгресот. Затоа, ревносно учествувај во оваа важна акција. Поканите што ќе ти останат земи ги со себе и користи ги за да сведочиш неформално во конгресниот град.
[Рамка на страница 5]
Како ќе ги нудиме поканите?
За да го обработиме целото подрачје, треба да бидеме кратки. Би можеле да го кажеме следново: „Здраво. Имам за Вас една покана која се дели низ целиот свет. Повелете! Подетални информации ќе најдете на самата покана“. Биди воодушевен. За викенд, заедно со поканата можеш да понудиш и списанија, доколку процениш дека е соодветно.