Август — историски месец во кој ќе се проповеда како никогаш досега!
Нов трактат ќе се дели низ целиот свет
1. Каква посебна акција ќе има низ целиот свет додека се приближува 100-годишнината од раѓањето на Царството?
1 Бидејќи се приближува 100-годишнината од раѓањето на Божјето Царство, сосема е соодветно да му оддадеме слава на Јехова така што ќе учествуваме во една посебна акција. Во текот на август, низ целиот свет ќе се дели новиот трактат со наслов Каде има одговор на најважните прашања? Целта на овој трактат е да ги поттикне луѓето да го побараат одговорот во Библијата и да објасни како интернет-страницата jw.org може да им помогне во тоа.
2. Како можеме во август ‚да го фалиме Јехова‘ во зголемена мера?
2 Силен извик на фалба: За да можат да го зголемат своето учество во службата на проповедање, сите крстени објавители што сакаат да бидат помошни пионери во август ќе имаат посебна можност да поминат 30 часови во службата. Поради тоа што во овој месец има пет викенди, многу објавители кои имаат световна работа ќе можат да бидат помошни пионери. Ако проучуваш со некој што добро напредува во духовен поглед или имаш дете кое сака да стане некрстен објавител, веднаш кажи му го тоа на координаторот на старешинството. Колку големо охрабрување ќе биде за нив ако ни се придружат како објавители во овој значаен месец! Многу општи пионери користат одмор во август откако ќе ја исполнат годишната квота на часови. Сепак, оваа година би можеле да направат некои преиначувања во својот распоред за да учествуваат во оваа посебна акција во потполна мера. Сега е вистинско време семејствата да разговараат за тоа како можат уште повеќе ‚да го фалат Јехова‘ во август (Езра 3:11; Изр. 15:22).
3. На што се надеваме во врска со посебната акција?
3 Иако во минатото сме учествувале во слични акции, се надеваме дека оваа ќе биде од историска важност. Дали можеме да достигнеме нов највисок број на часови, објавители и помошни пионери во август? Додека се приближуваме кон крајот на 2014 службена година, Јехова нека го благослови трудот на своите слуги низ целиот свет за август да биде месецот во кој ќе се проповеда како никогаш досега! (Мат. 24:14).