Стани повешт во службата — Постави темел за повторна посета
Зошто е важно: Кога во служба ќе сретнеме некој што покажува интерес, сакаме повторно да навратиме кај него со цел да го залееме семето на вистината што сме го посадиле (1. Кор. 3:6). За да успееме во тоа, пред да си заминеме треба да поставиме темел за повторна посета така што ќе го прашаме станарот кога би било најдобро време да дојдеме следен пат. Освен тоа, добро е да оставиме отворено прашање за наредната посета. Така станарот ќе биде во исчекување, а ако прашањето е одговорено во публикацијата што сме му ја оставиле, поголема е веројатноста дека ќе ја прочита. Тоа што ќе поставиме темел за следниот разговор ќе ни помогне полесно да правиме повторни посети. Зошто? Затоа што веќе знаеме на која тема ќе зборуваме, а и станарот ќе знае што да очекува. Кога повторно ќе отидеме кај него, може да му кажеме дека сме наминале за да го одговориме прашањето од претходниот пат.
Предлог за месецот:
Кога ќе подготвуваш презентација, подготви си и прашање кое би можел да го оставиш отворено за наредната посета. Кажи им го и на другите објавители со кои ќе одиш во служба.