Користи ја секоја прилика да сведочиш за Царството!
1. Што можеме да научиме од примерот на Давид?
1 Цар Давид не дозволил околностите да го спречат да му служи на Јехова со сета душа. На пример, тој сакал да му изгради храм на Јехова. Кога бил спречен во тоа, Давид ги сменил своите цели и го подготвил она што било потребно за Соломон да го изгради храмот (1. Цар. 8:17-19; 1. Лет. 29:3-9). Наместо да размислува за она што не можел да го направи, Давид се концентрирал на она што можел да го направи. Како да го следиме неговиот пример додека бараме прилики да ја проповедаме пораката за Царството?
2. За што треба да размислиш?
2 Прави го она што можеш: Многумина си го поедноставиле животот за да служат како помошни или општи пионери (Мат. 6:22, фус.). Можеш ли и ти да го направиш истото? Додека се молиш и размислуваш за твоите околности, можеби ќе сфатиш дека ти е отворена „голема врата за работа“. Ако увидиш дека можеш да правиш повеќе во службата, искористи ја приликата! (1. Кор. 16:8, 9).
3. Ако околностите не ни дозволуваат да бидеме пионери, какви прилики имаме да сведочиме?
3 Но, што ако околностите не ти дозволуваат да бидеш пионер? Труди се да го правиш она што можеш. На пример, ако на работа си во контакт со луѓе што не се Сведоци, би можел да им сведочиш кога ќе ти се укаже прилика. Или, ако имаш здравствени проблеми, зошто да не им сведочиш на оние што ти пружаат здравствена нега? Имај на ум дека, ако се бориш со некој сериозен здравствен проблем или си во поодминати години, може да известиш служба од 15 минути. Кога ќе го запишуваш месечниот извештај, не заборавај да го вклучиш и времето кое си го поминал сведочејќи неформално, како и публикациите што си ги дал, во кои спаѓаат и трактатите и поканите за Спомен-свеченост и за конгрес. Ќе се изненадиш кога ќе видиш на крајот од месецот колку време си поминал во служба на проповедање.
4. Што си решен да правиш?
4 Без разлика на нашите околности, да ја искористиме секоја можност да ја проповедаме добрата вест. Ќе бидеме многу радосни затоа што знаеме дека правиме сѐ што можеме за Царството (Мар. 14:8; Лука 21:2-4).