Користи ја jw.org во службата — „Одговор на библиски прашања“
Под делот „Библиски учења“ на jw.org се наоѓа категоријата „Одговор на библиски прашања“. Ако добро ги знаеме овие често поставувани прашања, ќе можеме да ги упатиме станарите да ги побараат библиските одговори на нашата интернет-страница. Исто така, со помош на овие прашања може да започнеме разговори во службата. Еден начин на кој би можеле да започнеме разговор е да избереме прашање кое би било интересно за луѓето на нашето подрачје, да го прашаме станарот кое е неговото мислење и да му кажеме што вели Библијата користејќи ги мислите од соодветната статија од jw.org. Потоа, може да му кажеме или да му покажеме каде сме ги нашле информациите. Друг начин е веднаш да му ја отвориме интернет-страницата и да му дадеме сам да го прочита одговорот. Сопругата на еден покраински надгледник успешно започнува разговор на следниов начин: „Многу луѓе се прашуваат дали Бог е виновен за нашите страдања. Би сакале ли да го дознаете одговорот за помалку од една минута?“ Потоа ја пушта аудиоснимката со одговорот на ова прашање која ја има преземено на својот телефон од нашата страница. На крајот, му го покажува на станарот 11. поглавје од книгата Што учи Библијата.